Единствена Македонија: Власта лаже дека заминувањето на Димовски во Париз е завршена работа, нашата комуникација со Макрон кажува поинаку


22.12.2022 | 17:27:10 | Соопштенија


Единствена Македонија: Власта лаже дека заминувањето на Димовски во Париз е завршена работа, нашата комуникација со Макрон кажува поинаку

Единствена Македонија на повеќе наврати како што се гледа од линковите подолу информираше зошто доскорашниот директор на АНБ не смее да биде номиниран за амбасадор во Франција откако дојдовме до досието „Атлантик“ од кое се гледа дека АНБ вршела следење и прислушкување кое е целосно незаконско и неосновано.

Поточно, АНБ своевремено презема три оперативно-технички средства против претседателот Бачев: тајна контрола на телефон, тајно аудио и визуелно снимање и тајно следење и набљудување само заради учество во уставно загаратираните протести против промена на името кога во Националниот Блок „Македонија Бојкотира“ своевремено се здружија 84 организации од земјата и странство во битката за  референдумот и против промена на името.

Во тек е и судската постапка пред Управниот суд, а во меѓувреме од страна на претседателот Бачев е испратено и барање до францускиот претседател Емануел Макрон во кое се дадени причините зошто Димовски не смее да биде амбасадор во Париз. Во повратната информација од Макрон, известени сме дека барањето е дадено во работа во неговиот кабинет на соодветен државен службеник и по него се постапува и дека постапката за заминување на Димовски не е завршена.

Затоа, ја повикуваме маринетската влст во Скопје да не ја лаже јавноста дека процедурата со заминувањето на Димовски во Париз е завршена работа. Единствена Македонија ветува дека ќе ја истера до крај оваа работа и тоа не само заради претседателот Бачев туку, генерално за сите граѓани, бидејќи, недозволиво е АНБ како резултат на политички уверувања да презема мерки на тајно следење и прислушување спрема политичките неистомисленици.

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3236

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3220

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3219

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3157

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3215

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3212

https://edinstvenamakedonija.mk/description.php?id=3120

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 22 декември 2022 година