Бачев во комуникација со Макрон бара директорот на тајната полиција да биде одбиен за амбасадор во Париз поради тајното следење и прислушување


25.09.2022 | 15:45:27 | Прес Конференции


Бачев во комуникација со Макрон бара директорот на тајната полиција да биде одбиен за амбасадор во Париз поради тајното следење и прислушување

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, недела, 25 септември 2022 година

Почитувани,

На почетокот сакам да потсетам на две работи: 

прво, во повеќе наврати ја информирав јавноста дека Единствена Македонија дојде до досието “Атлантик“ од кое се гледа дека македонската тајна полиција презема спрема мене незаконски мерки на тајно следење и прислушување. Ова се прави од 2018 година кога Единствена Макеоднија го предводеше Националниот Блок „Македонија-Бојкотира“ во кој се здружија 84 македонски организации од земјата и странство во битката за референдумот и против промена на името на државата,

второ, пред три дена поднесов жалба за молчење на администрацијата бидејќи директорот на АНБ не одговори во законскиот рок од 30 на моето барање од 3 јуни за известување дали против мене е преземано следење и прислушување во согласнот со член 51 став 1 од Законот за АНБ.

Денес сакам да ја запознам јавноста со мојата комуникација со францускиот претседател господинот Емануел Макрон во врска со предлогот на македонската влада токму директорот на АНБ да биде амбасадор во Париз. Ова е моето барање до господинот Макрон во кое ги давам причините зошто директорот на АНБ не смее да биде назначен за амбасадор во Париз.

 

Ова е одговорот од кабинетот на Макрон кој се состои од три пораки последователно и кои се сведуваат на тоа дека барањето е уредно примено и што е побитно веќе е заведено во кабинетот на претседателот и дадено е на конкретен државен советник кој сега треба да го разгледа барањето и да даде мислење и да го советува претседателот Макрон дали барањето треба да се прифати.

Она што е поинтересно за македонската јавност, сакам да обрнам внимание е дека од мојата комуникација со господинот Макрон се гледа, од нивното повратно известување јасно не условуваат со името Македонија без никакви додавки.

Верувам дека господинот Макрон ќе биде на висината на задачата и ќе го прифати барањето, бидејќи од причините кои ги давам а кои се сведуваат на тоа дека директорот ан АНБ не може да биде назначен за амбасадор бидејќи вршел злоупотреба на македонската тајна полиција преку незаконско следење и прислушување на политичките неистомисленици на власта.

Господине Макрон, пред три дена од говорницата на Генералното собрание на Обединетите нации рековте дека инвазијата на Украина е враќање во ерата на империјализмот. Настрана фактот дали јас се сложувам или не се сложувам со оваа ваша констатација, во оваа прилика сакам да порачам: Господине Макрон, назначувањето за амбасадор на лице кое преку тајната полиција вршело незаконско следење и прислушкување на политичките неистомисленици на власта е враќање во темното минато, во времето на инквизицијата и рушење на основниот столб на Европската унија - почитување на основните слободи и права за сите.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 25 септември 2022 година