Единствена Македонија: Пендаровски да внимава за предлогот за амбасадор во Париз, веќе е известен Макрон за одбивање на агреманот за Димовски


10.09.2022 | 14:15:44 | Соопштенија


Единствена Македонија: Пендаровски да внимава за предлогот за амбасадор во Париз, веќе е известен Макрон за одбивање на агреманот за Димовски

Стево Пендаровски вчера потпиша указ за поставување на должноста амбасадор на Македонија во пет држави и најави потпишување на укази и за втората група македонски амбасадори во останати држави.

Го предупредуваме Пендаровски да биде исклучително внимателен при поставувањето на втората група на амбасадори меѓу кои фигурира и името на директорот на тајната полиција, Виктор Димовски, како предлог на владата за амбасадор во Париз, Франција.

Со повеќе реакции Единствена Македонија ја запозна јавноста зошто е недозволиво директорот на АНБ да биде назначен за амбасадор во Париз.

Ја информираме јавноста дека во тек е управна постапка против Димовски а во меѓувреме е испратено и барање до францускиот претседател Емануел Макрон за одбивање на барањето за агреман за Димовски да биде амбасадор во Париз а сето тоа поради повеќегодишното незаконско следење и прислушување на претседателот Бачев од страна на АНБ во рамките на досието „Атлатник„ до кое дојде Единствена Македонија.

Единствена Македонија ветува дека ќе ја истера до крај оваа работа и тоа не само заради претседателот Бачев туку, генерално за сите граѓани, бидејќи, недозволиво е АНБ како резултат на политички уверувања да презема мерки на тајно следење и прислушување спрема политичките неистомисленици.

Центар за комуникации на Единствена Македонија 
Скопје, сабота, 10 септември 2022 година