Кисинџер и неговата оставштина. Татковината повикува


14.11.2024 | 14:30:31 | Колумни


Кисинџер и неговата оставштина. Татковината повикува

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, четврток, 14 ноември 2024 година

Покрај неговата шест децениска дипломатска активност и плодна кариера Хенри Кисинџер останува, секако, запаметен и по изречените зборови дека подобро да се преговара и до доцна во ноќта отколку  да се изгубат животи во воен конфликт и секако втората мисла негова дека добар разузнавач и(ли) оперативец е добра градба за уште подобар политичар односно врвен политичар.                                                                                                             

Покрај воените конфликти кои буфтаат (Украина, Сирија и Либија, Блиски Исток т.е Израел и Либан, граѓанските војни во Судан и Мијанмар), имаме ескалација на  три нивоа и надополнети со терористичките напади (Чеченија на Кавказот, Пакистан на границата со Авганистан, Босанска Крупа во БИХ значи на Балканскиот или Хумскиот полуостров).

Односнокако што напоменав изминатите недели и во мојата емисија  на ЕМ Телевизија насловена како „007-48“, се остварија стравувањата дека Кавказот, но и Балканот се огромно буре барут.

Она што претстои се изборите во Грузија (на Кавказот), ЛАЖИРАНИОТ референдум во Молдавија (повторно со гласови преку пошта) може дополнително да ја поларизира и онака кревката ситуацијата во Молдавија визави областа населена со етнички Руси во Приднестровие.

Дали искусниот лисец Кисинџер ќе спречеше некои од овие конфликти не знаеме (почина 2023 година), но, со оглед на неговата вештина на преговарање исходот би бил сосема извесен.

Единствена светла точка на просторот на поранешниот СССР се секако Белорусија и Ерменија кои водат трезвена и прагматична политика кон Кремљ и донекаде владејачката партија Грузиски сон која ја увиде намерата на Хегемонот да ја вклучи и Грузија во воените дејствија, односно, да се рашири конфликтот и на западната обала на Црно Море и да се вовлечат во воени дејствија Северна и Јужна Осетија, Дагестан и Чеченија.

А точно тоа е и намера на Хегемонот, Русија да праќа нови воени формации во новите жаришта, слично како и во Курск а се со цел да се намали притисокот врз Украинските воени формации во ДОНБАС, Херсон и Запорожје. Не случајно Кисинџер го нарече Кавказот, Евроазиски Балкан, наспроти фолс флег пропагандата на Хегемонот.