Шарени револуции


15.02.2025 | 16:52:53 | Колумни


Шарени револуции

Веб колумна, Единствена Македонија 
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, сабота, 15 февруари 2025 година

Додека во Југоисточна Европа од 2008 година во тренд се т.н. шарени револуции, на Блискиот Исток беснеат војни за ресурси и гасоводи.

Катар инвестира во источен Медитеран и работи на изградба на гасоводот Катар - Сирија преку Турција до Европските пазари, исклучувајќи го на тој начин рускиот гас.

Тоа што не го прифати Асад пред 15 години да му поминува гасоводот низ Сирија, го чинеше и граѓанска војна, разурната држава а можно е и поделба на Сирија, како и фактот дека ја изгуби власта и доби азил во Русија.

Секако, овој гасовод е конкуренција на ИМЕЦ (не е ни отпочнат) кој треба да опфаќа траса од Индија, Блискиот Исток, Јордан на Медитеранот, Кипар, Грција, Македонија и Србија, па, се до ЕУ. Но, уште поважно за Катар е тоа што со поставувањето на опремата и катарското стационирање на Источниот Медитеран, му се овозможува на Катар непречено да го шпионира Израел. 

Во таа активност има поддршка и од Турција затоа што покрај бизнисот заедничка им е и таа Исламистичка компонента. За тоа време еден по еден паѓаат од власт некогашните Сорошеви пулени.

Д-р Груевски падна пред налетот на шарената хорда и отиде кај Орбан.

Српскиот претседател Вучиќ овие денови се соочува со шарена револуција (чинам трета во негово време).

Словачкиот премиер Фицо еднаш ја изгуби власта во 2018 година, сега откако повторно победи на изборите му се случува повторно т.н. шарена револуција.

Единствено унгарксиот премиер Виктор Орбан се покажа отпорен, но, тој има проблем со блокирањето на фондовите на ЕУ, секако се повторува и тоа што се случуваше во минатото во Србија и во Македонија, како и во Унгарија, а тоа е масовни закани за наводни подметнати бомби во училиштата.    

За тоа време Трамп ги поништува сите декрети донесени од Бајден. Трамп воедно воведе и царини кои може да растат и до 25 проценти како што најавуваше во предизборието.