Историјата се повторува


02.08.2024 | 21:14:00 | Колумни


Историјата се повторува

Веб колумна, Единствена Македонија
м-р Томислав Јовановски, политички аналитичар 
Скопје, петок, 2 август 2024 година 

За оние кои не знаат да учат од грешките низ историјата, таа секогаш ке им биде водилка со нејзиното повторување во одредени временски интервали.

Во првата Световна војна, официјален Лондон, односно, Обединетото кралство,  со цел да ја задржи својата доминација, а притоа да го успори растот на надоаѓачката сила како што била Царска Германија, ја присили итро  царска Русија да се вмеша во конфликтот во 1914 година и пред крајот на војната да изгуби дури и територија, после кое дојде и до Февруарскиот пуч во 1917 година во царска Русија.

Во 2022 година,  истата таа Британија, но, овојпат со прилично намалена геополитичка тежина,  се со цел, да го задржи Англосаксонското влијание ширум светот, ја присили Германија да се откаже од ефтините руски енергенси и да не се буни после уништувањето на нејзините инвестиции во Северен ток,со цел да се заузда  БРИКС плус Шангајската организација за соработка.

Односно, геополитичкото влијание  на Русија, Кина и Индија во воспоставувањето на мултиполарен свет. Дали Германија ке ја снајде територијално, судбината  на Царска Русија од 1917?

Истовремено, на границата со Алжир, војската на Мали потпомогната од платеничката Вагнер веќе 5 денови води борби со „Туарег“ бунтовниците и притоа на десетина нивни војници, како и оклопна техника и резервоари беа уништени и заробени од страна на бунтовниците од „Туарег“ чије политичко крило се помага од Вашингтон.

Значи, на дело, покрај терористичките акции внатре во РФ извршени од верски фундаменталисти од централна Азија, а подбуцнати од Хегемонот и неговите инсталации, прокси војните траат и во Мали, во Либија, во Алепо Сирија и ширум светот.

Едноставно, нели хегемонот нема да се откаже од позиција светски полицаец број еден, а тоа го гледаме и преку  друг спектар на мерки, односно, со т.н. софт повер и санкции се осиромашува народот на Венецуела.

Во Европа на дело е тензијата во изјавите на Орбан и Фицо од една страна и полските министри од друга страна ( Visegrad group), односно, по спречувањето доток на руска нафта преку Украина до Унгарија и Словачка, а со амин на САД.

Гледаме како се врши притисок врз Орбан и Фицо заради нивните заложби за мир. Интересно е да се види како ке се одвива политичката кариера на поранешниот вицепремиер во словачката Влада задолжен за економија,  Рихард Сулик, откако за помалку од 0.1% не влезе во Европскиот Парламент.