Конечно убава вест за пензионерите: Бачев и Угриновски поднесоа во Собранието измени на законите за пензиското и здравственото осигурување


15.11.2023 | 20:31:03 | Прес Конференции


Конечно убава вест за пензионерите: Бачев и  Угриновски поднесоа во Собранието измени на законите за пензиското и здравственото осигурување

Единствена Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери-пензионери за достоинствен живот, денеска во Собранието поднесоа два предлог-закони: Закон за изменување и дополнување на Законот за пензиското и инвалидското осигурување и Закон за дополнување на Законот за здравственото осигурување.

Законските текстови се сведуваат на три барања, прво, најнизок износ на пензија не може да изнесува помалку од утврдената минимална плата во Република Македонија, второ, усогласувањето на пензиите да биде линеарно и трето, ослободување на пензионерите од партиципација за лекување и набавка на лекови.

Притоа изјава за јавноста дадоа претседателите на Единствена Македонија и Сојузот на здруженија на пензионери-пензионери за достоинствен живот, Јанко Бачев и Драган Угриновски.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 15 ноември 2023 година

 

Интегрален текст од Иницијативата со предлог-законите