Бачев: Поднесов жалба - одлуката на атињаните за тригодишна забрана за влез е незаконска, неевропска и антицивилизациска


22.06.2023 | 14:35:57 | Прес Конференции


Бачев: Поднесов жалба - одлуката на атињаните за тригодишна забрана за влез е незаконска, неевропска и антицивилизациска

Изјава, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев престедател на Единствена Македонија
Скопје, четврток 22 јуни 2023 година

Почитувани,

Како што е познато, во саботата на 17 јуни пошироката делегација на Единствена Македонија не беше пуштена од страна на грчките гранични органи да појде во селото Нивици по повод петгодишнината од предавничкот и капитулантски преспански договор. Притоа ми беше изречена тригодишна забрана за влез во Грција.

Денес, поднесов жалба на одлуката на грчките погранични органи бидејќи постапката е незаконска и неправилна. Во грчкиот закон за странци се пропишани осум причини  поради кои може едно лице да биде прогласено за непожелна личност и да му биде изречена забрана за влез.

Меѓутоа, во овој случај не постои ниту една од пропишаните осум причини во грчкиот закон. Очекувам сега второстепениот орган на управата во Грција во рокот определен со закон да се произнесе по жалбата.

Во зависнот од одлуката на грчкиот второстепен орган на управата ќе зависи и моето понатамошно постапување. Доколку жалбата биде прифатена тука постапка запира, но доколку жалбата биде одбиена постапката продолжува пред Европскиот суд за човековите права бидејќи во случајот ми е повредено едно од основните гарантирани права со Европската конвенција за заштита на човековите права, а тоа е слободата на движење.

Како и да е, јавноста благовремено ќе биде известена за овој случај. Но она што сакам посебно да го потецнирам, ова не го правам лично за мене туку за сите нас, бидејќи браќа Македонци и сестри Македонки денес сум јас со забрана утре може да биде секој од вас. Затоа правадата ќе ја истерам на виделина и до крај.

Интегрален текст од жалбата

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 22 јуни 2023 година