ИК на ЕМ: Ќе покренеме иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во Уставот


11.03.2023 | 12:10:40 | Соопштенија


ИК на ЕМ: Ќе покренеме иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во Уставот

Јавноста слушна за најавата на власта за започнување на постапката за измена на уставот, со цел, влез на Бугарите во македонскиот Устав.

Во овој контекст, ја известуваме јавноста дека Извршниот комитет на Единствена Македонија на синоќешната седница донесе одлука за поведување на Иницијатива за влез на Русите, Белорусите, Украинците, Чесите, Словаците, Полјаците и Словенците во македонскиот Устав.

Ваквата определба на Единствена Македонија тргнува од историската вистина која базира на историски извори на научна основа дека Македонија е Мајка на сите словенски народи кои тргнале од Македонија во населувањето на денешните територии каде живеат.

Според досегашните пописи, овие националности живеат во Република Македонија а уште отсега сме сигурни дека ова би било неспорно за македонскиот народ за разлика од влезот на Бугарите кое предизивикува големи контроверзи во јавноста.

Единствена Македонија потсетува на својот став од 24 јули 2021 година дека доколку Бугарите се внесат во Уставот, мора и Македонците да бидат внесени во бугарскиот устав во согласност со меѓународно правно признатиот-принцип  на реципроцитет.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 11 март 2023 година

Макфакс

М-нет

Точка

Утрински весник

Тајм

Грид