Научна академија: „Ѓеорѓија Кастриот - Искендер, крал на Епир и Македонија, втор Александар Македонски“


17.12.2022 | 15:21:00 | Соопштенија


Научна академија: „Ѓеорѓија Кастриот - Искендер, крал на Епир и Македонија, втор Александар Македонски“
Во организација на Македонското здружение „Басилеј“ и Институтот за македонско национално единство, денес, сабота, 17 декември, во Прилеп се одржа Научната академија на тема: Ѓеорѓија Кастриот - Искендер, крал на Епир и Македонија, втор Александар Македонски“. На Научната акздемијата свое излагање имаше и претседателот на Единствена Македонија, проф, д-р Јанко Бачев.
Општ заклучок кај говорниците на научната акаденија е дека постои солидна документирана подлога од која може да се изведе заклучокот за македонското православно потекло на Ѓеоргија Кастриот (1405-1468) кој 25 години војувал со Османлиските војски против нивното навлегување на Балканот.
Исто така беше посочено дека македонската научна мисла е пред голем предизвик, интердисциплинарно во иднина да ги расветли прашањата со Ѓеоргија Кастриот кој фалсификаторски се претставува како најзначјна личност во албанската историја, целосен аналитички и научно-издржан пристап во однос на животот и делото на Ѓеоргија Кастриот, потребата од национална и патриотска власт која мора да ја заштити македонската национална историја, вака според експертската јавност беше претставена состојбата околу големиот Македонски борец против Османлиите во 15 век, Ѓеоргија Кастриот.
Центар за комуникации на Единствена Македонија
Прилеп, сабота, 17 декември 2022 година