Единствена Македонија: Плата по 3.500 евра за членовите-паразити на Одборот за евалуација а молчат за скандалот на Универзитетот ЈИЕ во Тетово


10.12.2022 | 15:05:11 | Соопштенија


Единствена Македонија: Плата по 3.500 евра за членовите-паразити на Одборот за евалуација а молчат за скандалот на Универзитетот ЈИЕ во Тетово

Поминаа шест дена од прес конференцијата на Единствена Македонија на која аргументирано побаравме расчистување на скандалот со предвременото полагање на правосуден испит на студенти од Унивезитетот на Југоисточна Европа во Тетово.  Меѓу нив бил и Барлет Џафери, син на Талат Џафери, кој полагал правосуден испит без завршен правен факултет.

Но, од најповиканите, Министерството за образование, Агенцијата за квалитет во  високото образование, Одборот за акредитација и евалуација - целосен молк.

Законот за високото образование е јасен. Одборот за евалуација (ОЕ) како тело надлежно за зачувување на стандардите за квалитетот во високото образование и образовните и научните вредности на факултетите и нивните студиски програми, е должен да спроведе надворешна евалуација за испитување на овој случај и донесува соодветен извештај како основа за поведување на постапка од страна на министерството за образование за одземање на правото за вршење на високообразовна дејност од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Но, изостанува потребната реакција иако за вршење на своите законски должности, членовите на ОЕ се скапо платени од народот да го штитат квалитетот на високото образование за што земаат месечна плата од фантастични 210.000 денари или околу 3.500 евара.

Високото образование низ годините систематски се уништува. Одговорност за ова мора да има, и ќе има.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 10 декември 2022 година