Јакимовски: Предвремено полагање на правосуден испит од 449 студенти е доволна основа за затворање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово


04.12.2022 | 12:07:11 | Прес Конференции


Јакимовски: Предвремено полагање на правосуден испит од 449 студенти е доволна основа за затворање на Универзитетот на ЈИЕ во Тетово

Прес конференција, Единствена Макеоднија
Кристијан Јакимовски - Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 04 декември 2022 година

Почитувани,

Поминаа пет дена од скандалот што ја тресе јавноста со предвременото полагање на правосуден испит од 449 студенти на Унивезитетот на Југоисточна Европа во Тетово. Меѓу нив бил и Барлет Џафери, син на Талат Џафери, кој полагал правосуден испит без завршен правен факултет.

Согласно законот, правосуден испит може да полагаат лица кои завршиле правен факултет и стажирале во правосудни органи една година или три години во администрација. Правосудниот испит е неопходен услов да може идните завршени правници да работат како судии, обвинители, адвокати и други регулирани професии.

Меѓутоа, за тетовскиот Универзитет на Југоисточна Европа ова не важи и студентите полагале правосуден испит без завршен правен факултет. Овие незавршени студенти во иднина ќе пополнат некои од испразнетите места за судии или обвинители.

Скандалот невешто се обиде да го релативизира ректорот на Универзитетот на Југоисточна Европа, Абдулменаф Беџети кој рече дека не биле 449, туку биле помалку од 200 студенти, заборавајќи дека макар да се работи и само за еден студент кој е незавршен а полагал правосуден испит, е скандалозно само по себе.

Од најповиканите во овој случај,  Министерството за образование, Агенцијата за квалитет во  високото образование, Одборот за акредитација и евалуација - целосен молк.

Почитувани присутни,

Кандидат што нема завршено правен факултет а полагал правосуден испит е доволна основа за јавнообвинителска акција.

Но, настрана кривично-правниот аспект на овој случај, го повикуваме Одборот за евалуација како тело надлежно за зачувување на стандардите за квалитетот во високото образование да спроведе веднаш надворешна евалуација, со цел, испитување на овој случај со незавршени студенти кои полагале правосуден испит.

Доколку се потврдат наводите дека незавршени студенти полагале правосуден испит, соласно Законот за високо образование, Одборот за евалуација да донесе извештај како основа за поведување на постапка од страна на министерството за образование за одземање на правото за вршење на високообразовна дејност од Универзитетот на Југоисточна Европа во Тетово.

Дотолку повеќе, членовите на Одборот за евалуација се скапо платени од народот да го штитат квалитетот на високото образование за што земаат месечна плата од фантастични 210.000 денари или околу 3.500 евара.

Доколку изостане реакцијата, и овој случај помине несанкционирано, тогаш добиваме уште едни паразити од мноштвото кои ги слушаме деновие како земале енормно високи плати без притоа да ги вршат своите законски должности.

Ви благодарам,

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 04 декември 2022 година