Единствена Македонија: Благодарност до Руската црква, а негаторите на македонската црква, нација и држава ќе завршат на буништето на историјата


27.08.2022 | 11:41:29 | Соопштенија


Единствена Македонија: Благодарност до Руската црква, а негаторите на македонската црква, нација и држава ќе завршат на буништето на историјата

Единствена Македонија изразува искрена благодарност до Руската православна црква за признавањето на автокефалноста на Македонската правослвана црква - Охридска Архиепископија.

Да потсетиме, Единствена Македонија на 25 мај годинава побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на МПЦ-ОА.

И еве, пред два дена ја слушнавме радосната вест од Руската православна црква со која се исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА. Таквиот чекор е од исклучително значење земајќи ја предвид водечката улога на  Руската православна црква меѓу православните цркви.

Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј.

Единствена Македонија им порачува на сите негатори на македонската црква, нација и држава дека ќе завршат на буништето на историјата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 27 август 2022 година

Прес 24

ТВ 21

Новости

Тајм

Грид