Единствена Македонија побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија


25.05.2022 | 11:47:00 | Соопштенија


Единствена Македонија побара од Руската православна црква да ја признае автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија

Единствена Македонија побара од Руската православна црква признавање на автокефалноста на Македонската православна црква. Таквиот чекор е од големо значење, земајќи ја предвид водечката улога на  Руската православна црква меѓу православните цркви.

Врските меѓу Македонската православна црква - Охридска архиепископија со Русија и Руската црква како стари словенски центри се континуирани низ вековите и датираат од времето на македонските просветители Кирил и Методиј.

Но, од разноразни причини Руската православна црква досега не ја признаваше Македонската православна црква - Охридска архиепископија иако секогаш беше подготвена да им пружи православна помош на браќата во Македонија.

Единстевна Македонија искрено се надева и ја очекува радосната вест од Руската православна црква да ја исправи историската неправда спрема МПЦ-ОА и безусловно да обајви признавање на автокефалноста на Македонската православна црква - Охридска архиепископија.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 25 мај 2022 година

Медиуми:

Макфакс

Утрински Весник

Прес 24

МТМ

Мнет

Инфо

Грид

Тајм