Единствена Македонија: Силните пари од ЕУ се лага, Ковачевски да покаже извод од буџетската сметка за нови 225 милиони евра од ЕУ


24.08.2022 | 13:33:07 | Соопштенија


Единствена Македонија: Силните пари од ЕУ се лага, Ковачевски да покаже извод од буџетската сметка за нови 225 милиони евра од ЕУ

Пред четири дена СДСМ објави голема лага за нови 225 милиони евра подарок од Европската Унија. Истиот ден Единствена Македонија во реакција до јавноста со конкретни факти ја разобличи најновата лага на СДСМ, односно дека силните пари од ЕУ во изминатите 30 години се само ветувања а во реалноста - тишина. Со овие слатки приказни лажат и велат само бришете се што е македонско и ве чека рајот во Европската Унија.

Денес СДСМ ја повтори истата лага и притоа се пофали дека ова е само почеток алудирајќи дека во периодот што следи ќе се истураат пари од ЕУ во Македонија.

За народот да види кој ја зборува вистината, го повикуваме Ковачевски како премиер да го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати овие најнови 225 милиони евра од ЕУ. Во краен случај, тоа се јавни пари, не се државна тајна.

Но мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди кои убаво звучат за народот и ветувањата ги прикажуваат како парите да се веќе стигнати иако тоа останува само голема лага и ветувања.

Единствена Македонија го реафирмира повикот до народот да не наседнува на лажната пропаганда на марионетската власт во Скопје и европските бирократи од Брисел. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни политичари никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 24 август 2022 година