Единствена Македонија: СДСМ денес пак со старата 30-годишна приказна за силни пари од ЕУ, а во реалноста ни пари ни бутур - еве зошто


20.08.2022 | 12:42:58 | Соопштенија


Единствена Македонија: СДСМ денес пак со старата 30-годишна приказна за силни пари од ЕУ, а во реалноста ни пари ни бутур - еве зошто

Единствена Македонија реагира на денешната најнова лага на СДСМ за нов подарок од ЕУ од 225 милиони евра.  Ова е стара приказна со силните пари од ЕУ во изминатите 30 години, а во реалноста состојбата е обратна.

Народот не мора да и верува на Единствена Македонија, ама еве Ковачевски нека го покаже изводот од буџетската сметка каде се легнати овие најнови 225 милиони евра од ЕУ. Во краен случај, тоа се јавни пари, не се државна тајна.

И ова е една голема лага. Од ЕУ милијарди ветувања, а во реалноста - Тишина. Едно големо ништо. Ни пари, ни бутур. Со овие слатки приказни лажат и велат само бришете се што е македонско и ве чека рајот во Европската Унија. Еве дел од лагите на ЕУ:

 - 06.05.2020: ЕУ во корист на земјите од Западен Балкан ЌЕ мобилизира пакет од над 3,3, милијарди евра;              
- 18.12.2018: ЕУ на Македонија ЌЕ и даде 70 милиони евра а до 2020 дополнителни 250 милиони евра за модернизација;                   
-
08.06.2018: Западен Балкан ЌЕдобие од ЕУ дополнителни две милијарди евра;
-
07.02. 2018: ЕУ на западен Балкан ЌЕ додели една милијарда евра за да се подготват за влез во ЕУ;                
-
12.07.2017: Западен Балкан ЌЕ добие од ЕУ 1,3 милијарди евра;                  
-
08.06.2017: Западен Балкан ЌЕ добие од ЕУ 13,5 милијарди евра до 2020;   
-
07.03.2017: Од 2007 до 2017 ЕУ во Западен Балкан ЌЕ вложи 9 милијарди евра во донации;       
- 14.03.2016: ЕУ на Македонија ЌЕ  и додели уште 50 милиони евра за справување со мигрантите;                     
- 24.09.2015: ЕУ на Македонија ЌЕ и додели 700 милиони евра за справување со мигрантите;
                  
-
30.03.2013: Македонија ЌЕ добие од ЕУ 3,7 милијарди евра ако биде дел од ЕУ...

Од овие силни милијарди евра нема ниту цент. Но мора да признаеме дека ЕУ има фантастична тактика. Бомбастично најавуваат силни милијарди кои убаво звучат за народот и ветувањата ги прикажуваат како парите да се веќе стигнати иако тоа останува само голема лага и ветувања.

Во 1990 година кога се срушија социјалистичките држави, богатите држави од запад практично воспоставија ново неоколонијално ропство спрема земјите од Источна Европа, во тој контекст и спрема Македонија и земјите од регионот. Во едни такви околности во изминатите 30 години ЕУ од Македонија и земјите во регионот има извлечено силни милијарди.

На пример, поучен е случајот со Бугарија членка на ЕУ. Таму пред пет години излегоа научни показатели дека богатите држави од ЕУ од Бугарија во изминатите десетина години имаат извлечено 25 милијарди евра, а во форма на донации назад имаат повратено околу 12 милијарди евра.

Од Македонија, досега, во изминатите 30 години се извлечени околу 5 милијарди евра а во форма на донации се вратени назад околу 400 милиони евра и тие им служат во наменската кампања на ЕУ да го замајуваат народот. Па така, од време на време ќе слушнеме како ЕУ изградила некој селски пат, школо, амбуланта, а еден дел од тие пари им служат за купување на домашните политичари-марионети кои потоа верно им служат и го дозволуваат и грабежот што го прават. Затоа, нашите политичари влегуваат во власта како најголеми голтари а кога ќе им истече мандатот излегуваат како најголеми капиталисти.

Далеку од паметот е да се мисли дека има на запад некои луди германци, холанѓани, швеѓани... кои ќе го полнат буџетот на ЕУ за да тие истураат тука силни милијарди во Македонија оти ептен се потресени да не направат среќни и весели. Ова е надвор од секаква човечка логика.

Единствена Македонија го повикува народот да не наседнува на лажната пропаганда на марионетската власт во Скопје и европските бирократи од Брисел. Дури, Македонија и утре да стане членка на ЕУ пак ќе си биде исто. Доколку сами не си ја средиме внатре државата со чесни и честити политичари, бидете уверени дека никој од надвор нема да не направи држава со добар стандард.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 20 август 2022 година