Единствена Македонија: Случајот со бугарскиот конзул покажа дека Македонија е вазална држава со ограничен меѓународен субјективитет


06.08.2022 | 12:36:14 | Соопштенија


Единствена Македонија: Случајот со бугарскиот конзул покажа дека Македонија е вазална држава со ограничен меѓународен субјективитет

Пред два дена цела Македонија виде како бугарскиот генерален конзул во Македонија дејствува на начин кој не одговара на неговиот конзуларен статус со присуството при увидот на Комисијата за заштита од дискриминација во Културниот центар во Битола.

Реакцијата на македонското МНР покажа дека Македонија не е држава според меѓународното право, односно дека функционира како вазална држава со ограничен меѓународно правен субејктивитет. Односно, МНР во реакцијата само ја цитираше селективно Конвенцијата за конзуларни односи дека бугарскиот генерален конзул немал право да присуствува на увидот. И толку!

Но, МНР заборави на одредбите во Конвенцијата кои пропишуваат што треба да преземе една држава во случај на нејзино прекршување. Важно е дека Македонија и Бугарија ја имаат прифатено Виненската конвенција за конзуларни односи.

Според Конвенцијата (член 55), бугарскиот генерален конзул е во обврска да ги почитува прописите на Македонија и да не се меша во нејзините внатрешни работи. Во спротивно, Македонија го прогласува за непожелен (член 23) и го протерува од Македонија.

Македонија одбра да не постапува во согласност со Виенската конвенција за конзуларни односи и не го протерува бугарскиот генерален конзул. А што може да се очекува од една марионетската влада инсталирана со задача да брише се што е македонско.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, сабота, 6 август 2022 година