Единствена Македонија до МАНУ: Покажете им ја вратата на академиците - Албанци кои сакаат да ја делат МАНУ


28.07.2022 | 13:11:36 | Соопштенија


Единствена Македонија до МАНУ: Покажете им ја вратата на академиците - Албанци кои сакаат да ја делат МАНУ

Поминаа два дена од радикалната најава на т.н интелектуалци Албанци за поделба на Македонската академија на науки и уметности и формирање на посебна албанска академија на науки и уметности, а од страна на МАНУ - тишина.

Единствена Македонија и македонскиот народ се силно изненадени и го осудуваат целосниот молк и плашливост на МАНУ во врска со агресивниот поход на т.н. албански интелектуалци во земјата во обидот за рушење на МАНУ.

Единствена Македонија ја потсетува МАНУ дека има примарна задача да ги брани националните интереси, а не да биде нем набљудувач на обидот за рушење на МАНУ како институција од национално и државно значење.

Затоа, Единствена Македонија ја повикува МАНУ веднаш да им ја покаже вратата на аакдемици - Албанци во МАНУ кои сакаат да ја делат МАНУ и слободно да им порача да си заминат. Доотлку повеќе, и така нема фајде од овие квази албански интелектуалци кои позициите ги добиваат врз основа на проценти, а не со знаење, способност и достигнување.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 28 јули 2022 година

Прес 24