Божиновски: Скандалозна одлука на Уставниот суд за Иницијативата на Националниот Блок „Не отворам врата“ за уставноста на законот за попис


13.02.2022 | 15:32:18 | Прес Конференции


Божиновски: Скандалозна одлука на Уставниот суд за Иницијативата на Националниот Блок „Не отворам врата“ за уставноста на законот за попис

Прес конференција, Национален блок „Не отворам врата“
Вангел Божиноски, претседател на Македонска преродба
Скопје, 13 февруари 2022 година

Во име на Националноиот Блок “Не отворам врата“ Вангел Божиноски истакна:

Почитувани присутни,

Националниот блок “Не отворам врата“ покрена иницијатива за поведување постапка за оценување на уставноста на Законот за попис на населението, домаќинствата и становите. За оваа иницијатива имавме соопштение на една од нашите прес конференции. Еве ја нашата иницијатива...нашите очекувања одеа во правец дека, како непартиска и невладина организација нема да стасаме до фокусот на Уставниот суд. Но, добивме одговор кој не охрабри да ја организираме оваа конференција.  Еве го одговорот на Уставниот суд.

Изразуваме почит кон судиите кои ги разгледаа нашите забелешки и спротивно на секојдневноста не уверија дека сепак нашето судство не ги заслужува сите критики кои се упатуваат на нивна адреса.

Дополнително носевме предубедување дека одговорот ќе биде негативен на трите наши забелешки со кои ја спориме уставноста на пописот од  2021.

Веднаш ги прочитавме одговорите на Уставниот суд сочинет од 6 судии и забележавме дека тоа предубедување е потврдено. Сите забелешки се одбиени. Но! забележавме нешто необично кое не предизвика да ве повикаме на овој прес: крајните заклучоци кои содржат ист правен исказ по секоја наша забелешка ,цитирам:“ да се отфрли“ не се во согласност со правното образложение кое се нуди како доказ за отфрлањето!  Ова е тема на денешниот ваш и наш собор.

Решивме да го читаме одговорот на Уставниот суд игнорирајки ја одлуката и се фокусиравме на образложението.

Овие заклучоци до кои дојдовме се производ на расчитувањето на Националниот блок “Не отворам врата“ со професионална помош и сесрдно учество на нашите правни експерти. генерално:

-севкупната елаборација на почитуваните судии по сите три прашања ги афирмира нашите забелешки околу непочитувањето на уставот со законот за попис на населението и придонесува со пример колку небулозни решенија се содржани во тој закон и колку тие погрешни решенија не помагаат околу прецизноста и ефикасноста на пописот! Еве ги деталите:

Правната екипа на Националниот блок “Не отворам врата“ која ја подготви иницијативата за оценување на уставноста, ја темелеше на 3 главни позиции.

Доказот ќе го изведеме со примери за и вие пластично да го доживеете нашето позитивно изненадување.

1. нашата забелешка за неуставноста на  член 8 став 2 од законот кој воведува категорија која е повеќе литературно уметничка одколку правна создава карактер кој е именуван како , цитирам “полнолетно лице кое најмногу го познава “ и се однесува на ситуација кога човекот кој треба да биде попишан не е присутен. Бидејки не можевме да си објасниме што значи ова и кој е тој што “најмногу познава“ и каков е тој карактер, тука уставниот суд ни помогна укажувајки дека законот за попис тој карактер го опишува како цитирам “секое полнолетно лице кое го знае матичниот број на одсутниот поединец. Околу одредницата “најмногу“ нема никакво правно дефинирање. Но дадено е оправдување кое вели дека  исказите на овој карактер кој “најмногу “ знае не се толку важни бидејки власта веќе знае се за секого во своите архиви распрскани по матичните служби, катастарот, мвр и други 3 министерства, заводот за статистика, пиом, агенцијата за вработување, учк (се извинувам), ујп и тн..и така „се обезбедени јасни и прецизни процедури кои ефикасно ќе го спроведат пописот“. Не им требаше многу време на нашите правни експерти да сватат дека ова образложение не е напишано  од почитуваниот уставен суд, туку дека е едноставен препис од законот за попис.

2. втор пример е земен од образложението на нашата забелешка за уставноста на пописот во време на пандемија. Забелешка која секоја правна служба на светот ја прифаќа и никој не прави попис во време на пандемија. Уставниот суд го прифаќа ова како факт. Потоа следи објаснување околу херојскиот ангажман на владата за спречување на пандемијата и цитирам “превентивни препораки, протоколи, времени мерки, наредени мерки, наменски протоколи, планови, алгоритми, функции, равенки со една и икс непознати...масовни вакцинации “ и тн како на редовните прес конференции со кои не заплашуваа 2 години и сеуште си ја вршат истата функција  и не донесоа до состојба на 4 пати поголема смртност во однос на соседните земји и високо место, шесто на земјината топка по смртност. И во овој случај нашите правни експерти но и оние кои не се правници препознаа дека ова не го напишале правници. Свативме дека и Уставниот суд се чуди зошто владата влезе наврапито во попис среде епидемија за документ кој мора да се направи во услови кои ќе обезбедат добивање на темелен дкумент за развој на една држава.

3. третиот пример  се наоѓа во одговорот на нашето барање за проверка на уставноста за задолжителна употреба на македонскиот јазик и кириличното писмо со употреба на малцински јазик во општините со најмалку 20% ...итн. уставниот суд се согласува дека уставот така пропишал, но нуди едно покровителско, веруваме неизбежно, оправдување за владата. цитирам “станува збор за практична примена на апликацијата при попишувањето, во функција на олеснување на пописот“. Како може да биде попрактично за каква и да е работа кога текстот е на 7 јазици кои во конечниот заклучок треба да бидат преведени во еден документ испечатен на македонски јазик!?.  И во овој пример констатираме дека текстот не е напишан како правна формулација.

Почитувани,

По оваа анализа заклучуваме дека уставниот суд во целост ги прифатил нашите забелешки околу неуставноста на законот за попис, но дека поради недемократското делување на оваа влада морал да даде амбивалентен одговор.

Почитувани,

Би сакале уште еднаш да се заблагодариме на Уставниот суд.

Ние како национален блок ќе ја продолжиме соработката со оваа наша врвна институција и по следните прашања

1. зошто овој попис се прави панично, кога може да се направи прописно по престанокот на пандемијата и со соодветна подготовка? Националниот блок “Не отворам врата“ смета дека ова што се изведе е неверодостоен попис и наскоро ќе се огласи само по тоа прашање;

2. зошто овој попис се прави со методологија која оваа важна операција ја дефинира како меѓупартиски договор, а не реален документ кој треба да биде основа за развој на Македонија;

3. зошто овој попис го прави компанија која не е од Македонија кога нашите ит компании високо котираат во светот;

4. зошто методологијата содржи историски небулози кои представуваат  искривоколчување на историјата  на Македонија;

Националниот блок “Не отворам врата“ смета дека ова што се изведе минатата година не може да биде реален попис  и не го признава.

Благодарам,

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, недела, 12 февруари 2022 година