Бачев до Вучиќ: Покажа дека не сте исти како другите во соседството, благодарам за бесплатните вакцини во Србија за сите Македонци


04.06.2021 | 14:04:57 | Соопштенија


Бачев до Вучиќ: Покажа дека не сте исти како другите во соседството, благодарам за бесплатните вакцини во Србија за сите Македонци

Благодарност, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, петок, 4 јуни 2021 година

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев упати благодарност до претседателот на Србија Александар Вучиќ по повод дозволата за бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани.

Господин претседателе,

На 9 февруари 2021 ви испратив писмо со кое побарав да дозволите на Македонците кои што сакаат, да се вакцинираат во Србија.

Вчера дојде одговорот од ваша страна. Побаравте од владата на Србија да дозволи бесплатни вакцини во Србија за сите македонски граѓани. Со тоа Македонците добија статус, еднаков на домашните српски жители. Овој позитивен чекор од ваша страна е доказ за големото пријателство меѓу двете држави.

Дозволете ми да ви честитам на големото лидерство и исклучиво пријателскиот однос спрема Македонија и нејзините државјани. Покажавте дека не сте исти како вашите колеги од соседството кои преземаат акции од непријателски карактер спрема Македонија и Македонците.

Вчерашниот ден, 3 јуни, ќе остане запишан како голем ден за односите меѓу Србија и Македонија. Македонскиот народ никогаш нема да го заборави овој исклучиво пријателски чекор на Србија во ова тешко време на здравствена криза.

Србија покажа дека помага кога е најтешко, посебно кога НАТО и ЕУ не оставија на цедило и кога владата на Република Македонија покажа дека нема институционален капацитет за справување со кризата со Ковид - 19.

Затоа,  дозволете ми од име на Единствена Македонија и од свое лично име, да Ви се заблагодарам за бесплатните вакцини во Србија за сите Македонци, со вакцина по свој избор.

Ти Благодарам Вучиќ!                                 
Хвала Ти Вучи
ћу!

Со особена чест
д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Скопје 1

Новости

Грид