Бачев му пиша на Вучиќ: Дозволете Македонците што сакаат, да се вакцинираат во Србија, во име на пријателството меѓу двата народа


09.02.2021 | 16:28:31 | Соопштенија


Бачев му пиша на Вучиќ: Дозволете Македонците што сакаат, да се вакцинираат во Србија, во име на пријателството меѓу двата народа

Писмо, Единствена Македонија
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 9 фебруари 2021

Почитуван г-дине претседателе,

Дозволете ми најпрвин од името на Единствена Македонија и од свое лично име, да Ви честитам на големото лидерство кое го покажавте во регионот и пошироко, а не е претерано ако кажам и во светски рамки, затоа што ништо не препуштивте на случајноста и навремено извршивте набавка на вакцини против КОВИД - 19 за народот на Србија.

Во ова тешко време на здравствена криза со КОВИД - 19 сметав дека е корисно да побарам од Вас да им овозможите на Македонците кои сакаат да се вакцинират, да можат тоа да го сторат во Република Србија. А сметав за корисно затоа што владата на Република Македонија покажа дека нема институционален капацитет за справување со кризата со Ковид - 19 и нема обезбедено ниту една вакцина.

Единствена Македонија придава исклучиво значење за сеопфатна соработка со Србија, а заложбата за нејзино остварување претставува посебен интерес за Единствена Македонија, македонскиот народ и поголем дел од малцинствата во Република Македонија. Истовремено, чуствителни сме околу Вашата загриженост за неколку погрешни потези на владата во Скопје за прашања од највисоко национално и државно значење за Србија. Но сакам силно да ве уверам дека тоа не ја одразува волјата на македонскиот народ кој е пријател на Република Србија.

Сега е најважно здравјето на народот. Здравјето не трпи политички калкулации. Став на Единствена Македонија во однос на вакцините против КОВИД-19 е избор меѓу повеќа вакцини и вакцинирањето да биде лична одлука на секој поединец.

Позитивен чекор од ваша страна за можноста Македонците да се вакцинираат во Србија е доказ за големото пријателство помеѓу двете земји. Затоа искрено верувам дека ќе излезете во пресрет на барањето од Единствена Македонија и пријателскиот македонски народ за вакцинирање на Македонците во Србија.

Се надевам на континуиран развој на срдечни и продуктивни односи меѓу народот на Република Србија и народот на Република Македонија.

Со особена чест,

д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија

Скопје 1

А1 он

Македонски весник

ММС

Новости

Тајм

Грид