Зошто народот глобално ја губи битката со моќта!?


14.05.2020 | 18:45:34 | Избори


Зошто народот глобално ја губи битката со моќта!?

Веб колумна, Горан Неделковски член на Советот на Тврдокорни, четврток, 14 мај 2020

Во светот несомнено постои зло меѓу луѓето. Ако нема зло би се живеело во мир, слога и напредок. Се додека постои зло ќе има завери - заднински договарања. Договарања за кои не се кажува јавно, бидејќи се на штета на мнозинството во корист на себични малкумина. Најчесто луѓе кои имаат материјални богатства и кои сакаат уште повеќе да ги зголемат. Едно од обележјата за откривање кога постои заговор е што кога се спроведува не се даваат образложенија, туку најчесто се вели, "морате". Ние сме морале, немало друг излез.

Бидејќи добар дел од народот не е глуп и има отпор. Некој повеќе, некој помалку. И ако најпаметните слоеви од народот најсилно се спротивставуваат, со што во јавност излегуваат како претставници на народот, зошто тогаш на подолг рок постојано ја губиме битката!? Или ја добиваме кога ќе дојде до крајни граници на уништување.

Зошто во судирот на забеганите моќници кои располагаат со далеку поголеми ресурси и шпекулативни способности и паметните кои располагаат со ум, вистина и легитимитет (со тоа можност за народна поддршка) надвладуваат првите. Клучната црта е кој правовремено ќе ја повлечи масовноста на посилно дејство кон своја страна на претставување.

Но во кои случаи надвладуваат паметните?

Ако се земи архетипот од Евангелието, фарисеите со својот лажен авторитет ќе успеат да го поттикнат мнозинството од народот да вика "распни го распни го". Истиот народ кој само два дена пред тоа пред Христос ќе фрла цвеќиња и палмини гранки и знаејќи за неговите чудесни дела ќе го слави со зборовите „Осана на оној кој иде од висините“.

Дали веруваш во Библијата или не не е битно, ова е архетипот. Ова е архетип кој дава одговори за сите случаи зошто и на кој начин злото ја постигнува својата цел. Фарисеите иако не само што не работат за добро на народот туку дури и го товарат со секакви неосновани давачки, ја злоупотребуваат повисоката формална општествена положба која со лицемерење ја постигнале. Од друга страна отфрлен е Христос кој сторил многубројни суштински добри дела и тоа големи и неверојатни. Делата на Христос не се толку за себе колку што се за нив, не се за стекнување на положба туку се во корист на народот.

Ако ова се преведи на секојдневната борба тоа би значело: Шпекулантите со лицемерни дела прикриено се пробиваат на формалните позиции на управувањето наречено власт. Со текот на времето се специјализираат само за тие формални дела кои им ја носат т.н. власт.

Народот не може целиот да дејствува. Најпаметните се неговите претставници. Но тие во секојдневниот избор помалку избирале чинови кои носат "власт", а повеќе сакаат да работат дела кои се корисни за нив и за сите. Шпекулантите кога сакаат да истераат заговорнички намери за себична корист, чекаат кога во доволна мера ја имаат распореденоста на управувачките позиции. Кога стартуваат тоа го прават на брз, изненадувачки начин така што гласот на паметните меѓу народот да нема време да предизвика повратно дејство. Им наметнуваат услови како да се пред свршен чин, набрзина прават манипулација дека нешто мора да се случи за кратко време инаку ќе биде "пропуштен возот". Кога се вели "морате", тоа е пропратенo со "и тоа брзо", "веднаш", "што е можно порано толку подобро".

Знаат дека ако им остават време паметните ќе створат отпор. Бидејќи народот е маса прашањето е кој со својот пристап ќе ја придвижи масата во саканиот правец. Шпекулантите во правец на општа штета, за лична корист. Паметните во правец на општо добро. Шпекулантите знаат дека ако се остави време, на праведните им е дадено повеќе. Освен во шпекулативност во се друго се поспособни од нив и ќе ја добијат војната. Попаметни се, повистинити, ги изразуваат интересите на обичниот народ.

Во својот пристап едните го потценуваат народот, го исмеваат, работат на тоа да му ја срушат самодовербата, дека не чини, не го бива, дека е недисциплиниран. Поединечните примери ги користат за создавање на лоша слика за сите. Веруваат дека народот е лош и мислат дека ќе успеат во злото затоа што злото е во народот. На секаков неетички начин кој ќе им падне на ум со секакви поттици се обидуваат да ја срушат моралноста на народот и да го поттикнат злото кај него. Така со расипана меѓусебна доверба, со полош и покорумпиран, духовно и морално расипан народ, ем со полесно ќе ги спроведат своите нелигимни намери, ем во општата расипаност ќе се оправдаат себе си, ќе ја покријат сопствената расипаност.

Од друга страна паметните се дел од народот. Како претставници на народот не ја наметнуваат својата туку бараат да ја спознаат неговата волја. Веруваат/Гледаат во доброто кај народот, веруваат/гледаат во неговите квалитети, неговата мудрост. Се обидуваат да го потикнат на добро. Кога се обраќаат кон масата се повикуваат на рационалноста. Даваат разумни образложенија за сите свои постапки, бидејќи за разлика од манипулаторите нивните залагања имаат оправданост .

И зошто шпекулантите се шпекуланти!? Зошто тие тоа го прават на општа штета!? Дали себичната корист е навистина полезна за нив? Одговорот е: затоа што не успеваат да се воздржат. Значи не затоа што зграбувањата за себе навистина ќе им донеси нешто повеќе, туку затоа што кога се најдат ВО МОЖНОСТ да украдат нешто од сите, за своја корист, тие НЕ МОЖАТ ДА СЕ ВОЗДРЖАТ. Многучесто знаат дека за тоа кога тогаш ќе одговараат. Умот и да е помрачен во оделни моменти сигурно тоа им го вели. Ама среброто им блеска и не можат да се воздржат да не посегнат. Злоправењето не може да има рационално оправдување, не е корисно и за самите зловршители. Кога имаат моќ нешто да поседуваат тие поединци не можат да и се спротивстават на страста тоа да го поседуваат. Заговорничките дела произлегуваат затоа што тие влегуваат во ѓаволскиот круг да ја оправдаат страста со влегување во нови заговорнички дела.

Но останува прашањето ако праведниците се попаметни во што е нивната слабост? Зошто на редовна основа, настрана од критичните моменти на вистина, претежно ги губат битките со фарисеите? Која е предноста на шпекулантите? Развиените манипулаторско-шпекулантски способности на шпекулантите се недоволни за да се објасни причината за победата над праведните. Затоа што шпекулативноста како способност не можи да се спротивстави на квалитетитноста. Количините на мерење не се битни. Не можи грабачкиот примитивизам да биде посилен од развивањето на сите човечки квалитети. Дури и природното присуство на злото меѓу народот, како петта колона внатре во самиот обичен човек, не можи да ја објасни причината за поразот на паметниот. Бидејќи паметниот е попаметен и ТРЕБА ДА ЗНАЕ КАКО СЕТО ТОА ДА ГО НАДМИНЕ. Дури и да го предвиди и надмине.

Моето мислење како одговор на почетното прашање не останува ништо друго освен: затоа што паметните колку и да се паметни не го сфаќаат нивото на злобност кај шпекулантите. Тие можат да знаат за злото, ама не за неговата длабочина. Просто не очекуваат дека некој е способен да оди до таа мера. На шпекулантите им успева ефектот на изненадување.  пекулантите немаат ниту една предност во однос на праведните. Имаат само една! Имаат предност во однос на паметните тогаш кога се способни за дела кои овие не можат ни да ги замислат дека некој се спрема да ги спроведи. Тука е материјалниот извор на поразот на праведните.

Тогаш кога праведниците ги добиваат битките?

Тогаш кога се спротивставуваат без да чекаат да ги видат намерите на моќниците. Кога ја превземаат иницијативата. Тогаш кога не се лесноумни во светлиот исход на очекувањата од иднината. Тогаш кога не ги потценуваат намерите на злото. Тогаш кога се однесуваат како оние кои знаат дека злото спрема нешто кое не можи да се замисли. Односот кон заговорите за кои се зборува, треба да биде таков како да се целосно вистинити и без да се проверува основаноста. Затоа што злите намери на заговорничкиот план нема да излезат на виделинасе додека не дојдат до напреден стадиум на споведување. Кога ќе започне спроведувањето на заговорничкиот план тогаш нема време за дејство меѓу народот.

Во однос на идните настани праведните и народот ги губат битките затоа што секогаш испаѓаат како лесноумни. Не ја сфатиле тежината на времето кое доаѓа. Нивните надежи за светла иднина биваат исмеани. Сметајте дека реално ни се спрема зло кое не можиме да си го замислиме.

Во војничката терминологија се користи изразот: превземање на иницијативата. Значи ако сакаме да успееме во одбраната од постоечките заговорнички планови: МОРА ДА ЈА ПРЕВЗЕМИМЕ ИНИЦИЈАТИВАТА. НЕ ДА ЧЕКАМЕ ШТО ЌЕ СЕ ИСПАДНЕ ТУКУ САМИТЕ КРЕАТИВНО ДА ЈА ГРАДИМЕ ИДНИНАТА. Колата на животот ќе оди во добар правец не кога таа нас не вози, туку само тогаш кога ние ја возиме. Независно дали е сега мирно и што се спрема, за да створиме живот каков што замислуваме, треба да дејствуваме предвремено.

Затоа наместо лесноумност, треба да се делува веднаш како да сме во смртна опасност затоа што сме во смртна опасност. Отфрлете ги зборовите на секакви релативизатори. Свртете се и видете го што ве учи досегашното искуство: Работите БЕЗ ВАШЕ ЛИЧНО ДЕЈСТВЕНО УЧЕСТОВО сами НЕМА да си дојдат на свое место. Секоја опуштеност многу скапо ќе ја платиме. Со оглед на огромните опасности на ОГРОМНИТЕ И НЕВЕРОЈАТНО ШТЕТНИ ЗАГОВОРИ (вируси, 5г, мигранти) вклучувајќи ги националните борби, за нашите семејства.., за нас.., за македонскиот народ.., за сите.., заговори кои се случуваат пред нашите очи, секој да го даде своето учество вложувајќи го максимумот.

Секој да се потруди себе си да се придвижи и да ги придвижува тие околу него. Така можеби не пошироко но во својата национална средина ќе ја добиеме ова војна која на маса го става нашиот душевен и телесен опстанок.

Веруваме дека нема потреба нешто посебно да се докажува дека КОАЛИЦИЈАТА НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА е КОАЛИЦИЈА на отпорот против заговорите на глобализмот. Коалиција која води политичка борба во целосно нерамноправни услови, но која располага со УМ, ПРАВДА и ЛЕГИМИТЕТ. Ги повикуваме граѓаните и слободарските организации да се придвижат себе си и другите околу себе во понатамошно здружено дејствување.