Насобирање на македонската сила


15.03.2020 | 08:59:14 | Избори


Насобирање на македонската сила

Веб колумна, Горан Неделковски член на Советот на Тврдокорни кое е дел од Коалицијата Никогаш северна - само Македонија, недела, 15 март 2020 

Влегуваме во целосно непредвидливи времиња. Состојбите се такви што освен Бог веќе нема паметен кој може да предвиди што ќе се случи. Дури и од големиот распон на очекувани нешта, може ниедно да не се случи, некој страничен настан сите работи да ги сврти во потполно неочекуван правец. Отпосле кога ќе изминат нештата ќе се правиме паметни генерали, ама во овој момент ништо не се знае.

Така, тешко е да се предвиди каков ќе биде исходот на собраниските избори. Не е сигурно ниту дали воопшто ќе се одржат. Не е јасно кој ќе ни остане сојузник кој ќе се додржи до начелата, а кој ќе се предаде на противничка страна.

Не можиме да знаеме ниту дали нашите одлуки ќе се покажат како целосно исправни. Но она кое знаеме е дека НА МАКЕДОНСКИОТ НАРОД ВО ОВОЈ МОМЕНТ МУ Е ПОТРЕБНА ДОБРА ВЕСТ ЗА ЕДИНСТВО.  За да се закрепне со вера, да верува во себе.

Да покажеме пред народот дека разни дејствени македонски организации можат да се обединат и заеднички да работат. Затоа и влегуваме во сојузот НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА. Ако некој повикаше таму и таму се собираат, таму ќе отидевме. Кога нема избор, ако некој повикаше за некое место каде има збир на македонските сили кои се собираат против глобализмот и неговиот див производ Северџанистан ние таму во тој сојуз, во таа коалиција ќе пристапевме.

Затоа, независно од тоа дали ни одговара јавно прикажување, или не, НЕОПХОДНО ни е НАСОБИРАЊЕ НА СИЛИТЕ кои исполнуваат основни морални и дејствени мерила. Од таму благодариме за организационите единки кои најдоа свесност и заеднички јазик за создавање на оваа македонска коалиција.

Инаку, многу е лесно да се седи настрана и да се мрмори критикувајќи ги другите, како што многумина прават. Ајде сите, секоја македонска организација сама да живее и само сама да работи. Така би се зачмаиле, најдувајќи задоволство во очајот. И најдувајќи задоволство во мислата за духовна пропаднатост на сите околу само не на самите нас кои ете затоа сме настрана.

Дури и да е така, треба да се истрпиме во заеднички сплотено делување. Најголем е оној кој им служи на сите. Затоа без многу филозофирање, ПОВЕЛЕТЕ ДА СЕ ЗДРУЖИМЕ и да работиме заедно. Самото сознание за нашата здруженост во свеста кај народот ќе го заврши главниот дел за успешно соочување со надоаѓачките рафални премрежиа со кои треба да се соочуваме. Затоа што зависно од успешноста со која овој период ќе го преживееме ќе се определи нивото на добро - лошо живеење во наредните неколку десетлетија.

НИКОГАШ СЕВЕРНА САМО МАКЕДОНИЈА!