Тодоров: Прифатете ги предлозите на НДМ за фер и регуларни избори, и ајде сите на избори


17.07.2016 | 10:54:25 | Прес Конференции


Тодоров: Прифатете ги предлозите на НДМ за фер и регуларни избори, и ајде сите на избори

Прес конференција, НДМ Ѓорги Тодоров, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 17.07.2016 (недела)

Почитувани,

Согласно анализите од аналитичкиот центар на НДМ, денес РМ се соочува со тешка политичко-економска криза, како резултат на избраната власт на претходните парламентарни избори со несоодветен репрезентативен изборен модел, кој не ја отсликува реално вољата на бирачите.

Поточно, околу 18 месеци РМ е заглавена во длабока криза, со тенденција земјата да се вовлече во граѓанска војна, а прифатливо решение за излез од кризата сеуште не се нуди, со што се загрозени националните и државните интереси вклучително дури и опстанокот на РМ.

Со ваквиот недозволен и неодговорен однос на власта и опозицијата и т.н. шарена револуција, РМ во очите на демократските држави се преставува како незрела демократија, која неможе самостојно да понуди излезни решенија за актуелната политичко-економска криза.

Истовремено, длабоко загрижени од кризата и од перспективите за нејзино продлабочување, веруваме дека нејзиното разрешување ќе преставува појдовен чекор во надминување на опасноста од дестабилизација на државата.

Затоа, Народно движење за Македонија како партија која се бори за одбрана на националните и државните интереси, поаѓајќи од сопствената одгворност не може да стои настрана во овие тешки моменти за земјата, заради што сме исправени пред предизвикот да понудиме предлози за надминување на кризата во која е заглавена земјата и тоа:

Прво, разрешување на кризата не може да им се довери само на политичките партии кои всушност ја создадоа. Затоа, бараме формирање преодна Влада, со рок за реализирање на изборите од 6 до 12 месеци, со учество во таквата влада на сите партии кои учествувале на последните парламентарни избори, со што ќе дојде до задоволување на демократските принципи во услови на политичко-економска криза.

Второ, законска забрана на било какви исплати од буџетот на три месеци пред изборите, освен редовните тековни трансфери (како што се плати, пензии, социјални трансфери), заради избегнување и спречување на изборна корупција-купување на гласови. Да се формира комисија од партиите учеснички на изборите, која ќе биде овластена за секојдневна контрола и следење на сите исплати од буџетот, со што ќе се гарантира начелото за фер, непристрасни, демократски и легитимни избори.

Трето, законска забрана за предизборно коалицирање помеѓу партиите, со што се овозможува единствено постизборно коалицирање, како демократски исчекор кон реално одмерување на политичката тежина на партиите учеснички на изборите, со што се става крај на шпекулациите за големината и квази-карактерот на партиите.

Четврто, прочистување на избирачкиот список, со што се става крај на сомнежот за прашањето на точноста на избирачкиот список, а со тоа се крева кредибилитетот, во поглед на искреноста и чесноста на самите избори.

Петто, законска обврска за сите медиуми без надомест од партиите да обезбедат рамномерно распределување на времето за политичко претставување на сите политички партии учеснички во изборите како рамноправни субјекти во правниот промет, така и како учеснички на изборите во 20-те дена кампања, а медиумите за изборите да се обештетат од буџетот.

Шестто, преставниците на политичките партии кои учествуваат на изборите, да имаат свои преставници во сите избирачки органи, и да добиваат надоместок од буџетот, а не само преставниците на т.н. најголеми позициски и опозициски партии, заради обезбедување на рамноправност помеѓу партиите без разлика на нивната позиција и големина. На тој начин се обезбедува целосна контрола на изборниот процес од сите политички партии учесници во изборите.

Седмо, територијата на РМ да биде една изборна единица, со отворени изборни листи. На секој изборен параван, ќе има по една книга од партиски листи, бројот на партиските листи во книгата ќе биде според бројот на партиите учеснички на изборите. А на секоја партиска листа ќе бидат испишани името и презимето на кандитатите со редни броеви од 1 до 123 според бројот на пратениците. На гласачкото ливче ќе биде испишано името на политичката партија која учествува на изборите според ждребованиот редослед на партиите, десно од името на партијата ќе има круг со празно поле. Гласањето ќе се изведува така што, гласачот го заокружува редниот број на партијата за која гласа, а десно во празното поле од кругот, го испишува редниот број на кандидатот од соодветната партија за кој гласа. Прашањето за дијаспората ќе биде соодветно решено како и прашањето на изборите во РМ, дијаспората ќе биде како една изборна единица од која ќе се гласаат три пратеника. Со овој модел на избори со една изборна единица со отворени листи, се овозможува најоптимално совпаѓање на процентот на освоени гласови со добиените пратенички мандати. Таквиот изборен модел овозможува по правична застапеност и покомпатибилност на сите политички партии според политичката и мултиетничка основа во земјата.

На крај, да истакнам дека со прифаќањето на нашите предлози, парламентарните партии ќе покажат висока совест и патриотизам кон гласачите и државата.

Во спротивно, партиите ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ демонстрираат само желба за гола власт за задоволување на личните и партиските интереси на штета на националните и државните интереси.

Ви благодарам за присуството,

Медиуми:

ТВ 21

МТВ (после 22м:40с.)

ТВ 24Вести

Мактел

Веб страна

Канал Јутуб