Зошто Уставниот суд не постапува по Иницијативите на НДМ поврзани со изборите?


13.10.2016 | 09:53:25 | Прес Конференции


Зошто Уставниот суд не постапува по Иницијативите на НДМ поврзани со изборите?

Прес конференција, НДМ Злате Војновски, член на Извршниот комитет на НДМ Скопје, 13.10.2016 (четврток)

Почитувани,

Поминаа 24 часа од најавата дека Собранието ќе се распушти со што се отвора патот за избори на 11 декември.

Скандалозен е фактот што Уставниот суд не се произнесе по поднесените три иницијативи од НДМ поврзани со изборите.

Имено, со Иницијативата од 29 јануари 2016 го оспоривме член 75-ѓ став 1 од Изборниот законик, бидејќи, власта, односно, ВМРО-ДПМНЕ, и опозицијата, односно, СДСМ, за време на 20-дневната изборна кампања добиваат по 8 минути на час за политичко рекламирање, а сите вонпарламентарни партии една минута, иако според Уставот и законот политичките партии се еднакви и рамноправни од секој аспект поврзан со нивното дејствување и оттука не можат да се дискриминираат на начин што за време на изборна кампања ќе добиваат различно време на политичко претставување, односно, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по 8 мунути на час, а сите вонпарламентарни партии само 1 минута.

Велат дека за политичка кампања требало многу пари, еве, како што гледате и доколку се обезбедат финансиски средства, вонпарламентарните партии не можат да добијат адекватно политичко рекламирање.

Со втората Иницијатива од 23 август 2016 го оспоривме член 196-д од Изборниот законик, бидејќи, наместо во транспаретна постапка по јавен оглас, ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ по партиска линија си назначија по два члена во ад хок телото за медиуми иако Уставот забранува дискримација по било кој основ, граѓаните пред Уставот и законите се еднакви, секој граѓанин има право да учествува во вршењето на јавните функции и секому, под еднакви услови му е достапно секое работно место, заради што, партискиот избор на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на членови во ад хок телото за медиуми е повреда на уставната гаранција за еднаквост и рамноправност на граѓаните. Дури, произлегува дека граѓаните од својот џеб плаќаат партиски кадри на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ, бидејќи членовите во ад хок телото добиваат од буџетот месечен хонорар од 80.000 денари, а буџетските средства се народни, а не партиски пари.

Како што гледате, овие две иницијативи се поднесени за уставна оценка на прашања поврзани за изборите и затоа во нив запишавме и посебно барање за најитно постапување на судот во смисла на член 27 од Деловникот на Уставниот суд, но, до овој момент судот нема расправано, изборите се на повидок, а по изборите овие иницијативи стануваат безпредметни.

Патем, да спомнеме дека ваквото скандалозно непостапување на Уставниот суд го повредува и правото на ефективен правен лек пред домашните органи, со што е повредена и Еврпската конвенција за заштита на човековите права и основните слободи и оттука ќе се размислува и за постапка пред судот во Стразбур.

Третата иницијатива за заштита на јавниот интерес од 15 јуни 2016 во поширок контекст исто така е поврзана со изборите. Со оваа иницијатива бараме Уставниот суд да одбие да расправа за Законот за специјалното обвинителство и предметот со СЈО веднаш да им го врати на политичарите и тие дополнително нека расправаат за она што го бараат од Уставниот суд. Иницијативата се заснова на меѓународната уставна наука и пракса. Со оглед на времето, еве ден пример: Во Јапонија во 1959 година (Сунагава случај) е побарано уставна оценка за американските воени бази на Окинава стационирани во 1945 година и нивно укинување како неуставни. Врховниот суд на Јапонија одби да ја оценува нивната уставност бидејќи со забраната на американските бази и прогласување за неуставни би предизвикал нова војна. Притоа, јапонските судии запишаа во нивната одлука „нека тоа го прават политичарите, а не судиите„ и предметот им го вратија на политичарите.

Во случајов, таков е и законот за СЈО. Не е спорно дека специјалното јавно обвинителство е производ на политички договор, не е спорно постоењето на закана за (граѓанска) војна од страна на опозицијата и „шарените„ доколку уставниот суд го укине СЈО, оттука, и македонските уставни судии нека извикаат „нека тоа го прават политичарите„ и предметот со СЈО да им го вратите на политичарите, па тие нека се расправаат дали СЈО треба да постои.

Почитувани присутни,

Од изнесеното се гледа дека Уставниот суд како најуставна институција без кој тешкко може да се зборува за владеење на правот, падна токму на Уставот.

Уставниот суд одбра да работи според логиката на политката, а не според логиката на правото.

Ваквото скандалозно работење на Уставниот суд наскоро ќе заврши. По разбивањето на двопартизмот на ВМРО-ДПМНЕ и СДСМ на 11 декември, Народно движење за Македонија како одговорна власт го уверува народот дека знае како да ги натера уставните судии да постапуваат според логиката на правото, а не според логиката на политиката.

Ви благодарам,

Медиуми:

A1on

Тајм

Подгорци инфосервис

Вести

Дејли