„Пропорционалниот„ модел по Донтова метода е нелогичен, криминален и дискриминирачки


09.09.2019 | 17:11:50 | Колумни


„Пропорционалниот„ модел по Донтова метода е нелогичен, криминален и дискриминирачки

Веб колумна, понеделник, 9 септември 2019, професор Љубе Петревски, член на Општинскиот комитет на Единствена Македонија Струга

Според овој пропорционален модел заснован на донтовата метода, со повеќе изборни единици, освоените пратенички мандати не се совпаѓаат со изразената волја на гласачите, од минимум сто илјади, до максимум триста илјади кои на избори го дале својот глас остануваат без свој претставник во народното собрание.

Токму од оваа причина моделот е неправден, непропорционален и дискриминирачки.

Во овој текст немам намера да филозофирам, него ќе дадам конкретна претпоставка за освоени гласови на парламентарни избори и ќе направам математичка анализа и споредба на еден навистина пропорционален изборен модел со една изборна единица и отворени листи, со пропорционалниот модел по донтова метода со шест изборни единици.

Претпоставуваме дека на парламентарни избори партиите би ги освоиле резултатите прикажани во табелата на сликата дадена на крајот од текстот.

Според податоците во табелата, вкупниот број на освоени гласови на сите партии е милион двесте седумдесет и пет илјади, тој износ се дели со сто дваесет пратенички места и се добива 10.625 гласови, доволен минимум за освоено пратеничко место. Потоа бројот на освоени гласови на партиите се дели со 10.625 и се добиваат количниците дадени во табелата. Збирот на целите во количниците во случајов е 113 пратенички места, седумте пратенички места ќе бидат определени со најголемите седум вредности во количниците по децималната запирка. Заокружените броеви во табелата кај количниците е бројот на освоени пратенички места.

Кога за истиве резултати ќе се примени донтовата метода за „пропорционално“ пресметување на освоените пратенички мандати со моделот шест изборни единици, партиите со помалку од 60.000 гласови нема да освојат ниту едно пратеничко место, а оние со над 60.000 гласови ќе освојат по неколку места помалку, што значи дваесет и неколку пратенички места што ги заслужиле помалите партии ќе ги добијат поголемите партии.

Или, пак, тоа изразено во бројка на гласови, околу 250.000 гласачи, иако во овој случај го дале својот глас против ДПМНЕ и СДСМ остануваат без свој претставник во парламентот. Нивниот глас според нелогичноста на донтовиот метод е буквално украден од поголемите партии.

Од тие причини гласачите често и не излегуваат на гласање бидејки знаат дека нивниот глас ќе биде украден. „Пропорционалниот“ изборен модел по донтова метода е еден од главните генератори на доскорешното криминално и предавничко владеење на ДПМНЕ - Цензус и СДСМ - Рекет, бидејки и самиот модел е квази пропорционален, криминален и дискриминирачки, во однос на голем процент од гласачите.