Германската шпионска служба контролира најмалку двајца министри на Груевски, плус Срѓан Керим!


28.01.2011 | 13:49:29 | Колумни


Германската шпионска служба контролира најмалку двајца министри на Груевски, плус Срѓан Керим!

Колумна, „Фокус„, 28.01.2011, Јанко Бачев 

Веќе пишував за решителноста на Германија по секоја цена да ја истера работата со растурањето на СФРЈ, која во 1991 година беше разбиена како државно-правна заедница. Ниту фундаменталните промени со уставните амандмани од 1988 година, меѓу кои и воведувањето на партиски плурализам наместо еднопартискиот систем во кој единствена водечка сила дотогаш беше Сојузот на комунистите на Југославија, не беа доволни да ја спречат дисолуцијата на југословенската држава.

Според сведочењата на релеватни меѓународни актери од тоа време, Европејците можеа само да се чудат, но Германија самостојно реши до крај да ја истераат работата со растурањето на Југославија. 

Но, СФРЈ е веќе историја. Да го видиме сега односот на германската политика во однос на Македонија. Имено, после бројните погрешни чекори на ЕЗ како да се надмине кризата во Југославија, Германија на 16 декември 1991 година наметна  усвојување на Декларација за Југославија со која беа пропишани услови за признавање на оние југословенски републики кои сакаат да бидат независни држави. Притоа, од југословенските републики беше побарано до 23 декември 1991 година да се изјаснат дали сакаат независност, а примената на одлуката да почне од 15 јануари 1992 година. Со оваа декларација беа формулирани прилично магловити критериуми за признавање, како на пример, правна држава, човекови права, демократија, владеење на правото и слично, чија прецизна содржина, не само што не е предвидена во ниту еден меѓународно-правен документ, туку, уверен сум дека истата докрај исцрпно не можат да ја елаборираат дури ни најреспектабилните авторитети од областа на меѓународното право, бидејќи се работи за мошне екстензивни (поими-наслови) и оттаму контроверзни категории! ЕВРОПСКИ КРЕДИБИЛИТЕТ Всушност, со пропишаните магловити услови за признавање, ЕЗ на своевиден начин изврши фактичка измена на традиционалното меѓународно право во однос на моментот на настанувањето на државата како субјект на меѓународното право. Имено, според декларативната теорија која денес преовладува во теоријата и практиката, државата станува членка на меѓународната заедница со самото исполнување на потребните белези (територија, власт и население). Оттука произлегува и прашањето за меѓународно-правната заснованост на една организација (ЕЗ) со ограничен (регионален) состав да си припише на себе овластување да пропишува услови за признавање, и на тој начин да го менува општото меѓународно право во однос на признавањето на нови држави. Така пак, бездруго на волјата на тесен круг на држави им се дава поголема специфична тежина во однос на сите останати членки на меѓународната заедница. Со еден збор, ЕЗ во тоа време се постави како своевиден мандатор на меѓународната заедница во југословенската криза. Во такви околности, во својот извештај од 11 јануари 1992 година, Арбитражната (Бадинтеровата) комисија во делот за Македонија насловен како Мислење број 6, препорача нејзино меѓународно признавање. На три дена пред состанокот  на  ЕЗ  за меѓународно признавање на југословенските републики, постоеше германско согласување и со македонското признавање, односно, нивна определба дека ќе ги следат препораките на Арбитражната комисија. Но, за разлика од документираниот став на Арбитражната комисија, ЕЗ на состанокот од 15 јануари 1992 година донесе одлука да ги признае само Словенија и Хрватска. Македонија не беше призната, иако според мислењето на Комисијата ги исполнуваше предвидените услови. Од друга страна, Хрватска, иако изостана на Бадинтеровиот список на препорачани за признавање, сепак, на 15 јануари 1992 година ќе биде меѓународно призната од страна на ЕЗ. Признавањето на Хрватска во последен момент беше протуркано под германското покровителство. Значи, во настанот од 15 јануари 1992 година, ЕЗ ги призна Словенија и Хрватска, а Македонија е жртва на Германија. Неколку дена пред тој чин, германското согласување со нашето признавање им беше, народски кажано во џебот и на Македонците, но, настапи ненадејна превртливост на германската политика.   Пред состанокот на ЕЗ во Брисел на 11 мај 1992 година, весникот Нова Македонија објави дека повеќе од сигурно е дека на тој состанок, а тоа е веќе  било потврдено од сериозни диломатаски извори, ЕЗ ќе ја донесе очекуваната разврска, при што сите контрирања на признавањето конечно ќе доживеале пораз. Повторно беше пренесена германската определба за признавањето на Македонија, односно, дека Бон ќе се придржува кон европско-американската декларација од март 1992 и кон споменатиот извештај на Арбитражаната комисија, кои ги пропишуваат условите за признавање и дека веќе може да се утврди дека Германија не сака да го одложува признавањето. На овој состанок главната иницијатива за признавање на Македонија дојде од данскиот министер Елеман Јенсен. Пренесувајќи го ставот на својата влада, Јенсен се заложил уште на оваа седница ЕЗ да ја признае Македонија, бидејќи одоложувањето го нарушува европскиот кредибилитет. Иницијативата ја подржа и неговиот холандски колега Ван Ден Брук! ГЕНШЕР ВО ГРЦИЈА Меѓутоа, Македонија уште еднаш станува заложник на превртливата германска политика. На сцена стапува германскиот министер Геншер, кој по пат на притисок ќе наметне уште едно одложување на нашето признавање. Дури, ЕЗ по сугестија на Геншер формира работна група што ќе посредува во спорот меѓу Македонија и Грција. Всушност, оваа работна група ќе биде голема замка за Македонија, бидејќи на неформалниот состанок кон крајот на мај 1992 година во Гимареш, Португалија, за првпат во официјална декларација, ЕЗ ја спомнува можноста да ја признае Македонија со име што можат да го прифатат сите заинтересирани страин. Подоцна пак, на состанокот во Лисабон, работната група да подготви поразителен предлог - Македонија да изнајде име што нема да го содржи зборот Македонија.  Интересно е што пред состанокот во Брисел, Геншер престојува во Грција, за да ја прими дипломата на почесен граѓанин на островот Скиотос. Тогаш ќе изјави дека "Германија ќе ги почитува сите витални интереси на Грција и дека ќе ја поддржи само солуцијата која е прифатлива за Грција" Значи, во тој момент имаме целосно германско приклонување кон грчкото становиште. Геншер ова го прави токму на повлекувањето како последна дипломатска услуга за Грција. Тој состанок во Брисел ќе биде последниот европски собир на кој ќе присуствува Геншер, кој инаку 18 години беше неприкосновен шеф на германската дипломатија. Очекувано, ЕЗ на 26.06.1992 година во Лисабон донесе Декларација во која изрази готовност да ја признае Македонија со име кое нема да го вклучува зборот Македонија.  Со Лисабонската декларација е направен преседан со кој ЕЗ условува признавање на една држава доколку го смени името, со што Грција ги наметна своите максималистички барања. Лисабонската декларација која се заснова на формулацијата на т.н. Геншерова работна група ги постави основите за грчкиот триумф во рамките на ЕЗ за промена на името. Со ултиматумот за промена на името докрај беше соголена и германската политичка филозофија во однос на македонското име.  Така беше некогаш, а како стојат сега работите со германскиот интерес спрема Македонија. Имено, распарчувањето на СФРЈ и тесното поврзување на Хрватите и Словенците со германската индустрија, доведе до еманципација на овие народи кои некогаш беа поврзани со империјата во срцето на Европа. Меѓутоа, силниот продор на германската шпионска служба (БНД) и во Македонија, укажува на силен германски интерес и во македонските работи. И тоа не за било каков германски разузнавачки продор, туку за продор во врвот на актуелната власт. Во моментот, БНД остварува контрола врз најмалку двајца министри и една влијателна личност околу нашата влада. Овие личности се врбувани на класичен начин во работата на шпионските служби, откако претходно им беа доделени парични средства од соодветните германските фондови за нивната наобразба во тамошните образовни институции. Практиката на светските шпионски служби кажува дека во случај на странски елемент (стипендија, вонредно државјанство, престој...) повлекува претходно мислење на домашната разузнавачка служба за безбедносната подобност на овие лица, во случајот, од аспект на германските национални интереси. ИНСТАЛАЦИЈА ВО ООН! Значи, пресудно е мислењето на домашната шпионска служба за тоа, кој од странските кандидати го поминал соодветниот разузнавачки филтер, заради што, со тие лица се гради посебен оперативен однос. Поточно, врбувањето на помлади кадри и нивното подоцнежно инсталирање во највисоките државни структури по државите во светот каде Германија има свој интерес, е всушност најпосакуваниот дострел во работата на една шпионска служба. За еден од споменатите македонски функционери, поточно е ако се каже дека неговата шпионска релацијата оди на линија Берлин - Скопје преку Софија. Се повторува епизодата од македонското осамостојување, кога во тогашната влада имавме еден спој на министри со национална патриотска определба, еден дел под влијание на бугарската разузнавачка служба и еден дел под влијание на КОС.   Во оваа насока, еден од најистакнатите примероци на силниот германски продор во Македонија, секако е и лицето Срѓан Керим, кој со германска помош беше инсталиран и во ОН, да се обиде да ја започне реформата на Советот за безбедност (СБ) каде Германија бара постојано место со право на вето. Но, очигледно е дека Германија сеуште ја нема потребната доминација во светски рамки да ја наметне посакуваната реформа во СБ!  Како и да е, Керим ја исполни задачата, бидејќи за време на едногодишниот мандат во ОН формираше некакви помошни тела за реформи во СБ.  Затоа не случајно, Керим во една своја книга му посветува восхитувачко поглавје на Х.Д.Геншер, нарекувајќи го несекојдневна личност, виртуоз, врховен уметник, роден дипломат, додавајќи дека Геншер имал разбирање и жестокот се спротиставил на агресивната политика на сила во поранешна Југославија. Не е ли лицемерно ова од Керим, ако се знае дека токму Геншер го сакаше распадот на Југославија на начин што претходно југословенските народи ќе се испотепаат меѓу себе, а за кое нешто своевремено го предупредуваа негови колеги во ЕЗ?  Воопшто не спорам дека Геншер можеби ги поседува блескавите атрибути изречени од Керим, но, останува запишано дека во процесот на меѓународното признавање на Македонија, Геншер беше во служба на грчките интереси. Се разбира дека германската политика е нејзино внатрешно прашање, но, непримерно е тоа што Керим, со оглед на неговите долгогодишни германски релации кои ги задоволуваат неговите амбиции, мора сега и на ваков начин беспоговорно да им служи на истите, а на штета на достоинството на својата земја, која во тоа време претрпе штета од германската надворешна политика! АГИТАТОРОТ ВО ЗАДНИНА НА НОВА ПАРТИЈА Впрочем, македонската јавност имаше прилика да ја види лажната слика за човекот (Керим) со многу дипломатски титули,  дека нема морален интегритет и кредибилитет, не е дипломат од кариера со преку 30 годишна кариера, со сомнителн политички беграунд и нелојален кон Македонија. Дури, Керим како министер за надворешни работи му ја полнеше главата на тогашниот премиер Љубчо Георгиевски со наводното митско значење за Македонија на Пактот за стабилност на Југоисточна Европа. Но, реалноста во тоа време ќе го демантира Керим и притоа ќе го разочара премиерот Георгиевски. Имено, Никола Груевски како тогашен министер за финансии во владата на Георгиевски, во својата преписка ќе констатира дека Пактот за стабилност не ги дава очекуваните резултати, затоа што проектите што првично беа понудени со неповратни средства, во тој момент се нуделе во кредитни линии, со што само се зголемувала задолженоста на земјата. Од неповратната помош на Пактот останаа само ветувањата, а до сега не доделија ниту цент, трогателно пишуваше тогаш Груевски како министер за финансии.  За да биде појасна улога на Керим во величењето и на Пактот за стабилност, треба да се знае дека неговите ментори кои исто така се Германци, се на челните позиции на овој инструмент на меѓународната заедница. Дури, овие ментори на Керим во моментот остваруваат специфични политички цели во Македонија преку компанијата ВАЦ. Значи, Керим е одлична илустрација како личните интереси и амбиции придонесуваат за користа на поединци, без оглед на спротиставеноста со националниот и државниот интерес. Но, кога просперира државата, тоа е повеќе од корист за поединците во неа, отколку кога тие просперираат секој за себе, додека државата во целина е неуспешна. Кога сум кај Керим, со оглед на просторот, само уште да споменам дека овој вознемирувачки агитатор во заднина веќе формира нова политичка партија која се најавува деновиве. Значи, повторно нема храброст да се одважи и јавно да го промовира новиот политички субјект, туку повторно заднински ќе се обидува да проба да ги остварува своите неспорни политички интереси кои и не ги крие во јавноста. Како и да е, ако германскиот шпионски продор во поранешната СФРЈ се покажа како несреќен за југословенските народи од аспект на крвавиот распад на Југославија, не значи дека по автоматизам ќе може да се каже истото и за иднината на демократска Македонија. Да се надеваме дека актуелното германското инволивање во македонските работи ќе се покаже како среќно!