Самоубиство од заседа


23.03.2018 | 00:00:12 | Колумни


Самоубиство од заседа

Колумна, петок, 23 март 2018, проф. д-р Вангел Симев, член на Извршниот комитет на Единствена Македонија

Добро е тоа што СДСМ и ВМРО - ДПМНЕ одадоа почит на холокаустот на Еврејскиот народ од II Светска војна, но не можам да оправдам како не го гледаат холокаустот на Македонците.

Дефинирање на поимот. Под поимот холокауст се подразбира прогон и геноцид над различни етнички, верски и политички групи на луѓе. Најзначајни холокаусти во поновата историја на светот се еврејскиот и македонскиот. Еврејскиот холокауст за кратко време остави трајни последици за човештвото со околу 6.000.000 жртви.

Додека, македонскиот е тивок, со векови трае и сеуште трае. Најспомнуван е Холокаустот на Еврејскиот народ, кој започна со бојкотот на еврејските продавници и заврши со гасни комори во Аушвиц. Додека, најмалку е познат и спомнуван дури и во Македонија холокаустот на Македонците. Тој започна со прогонување на турците од Македонија, а потоа продолжи со доселување на други народи, затворање, мачење, убивање и протерување на македонците од своите вековни огништа.

Алчните балкански земји Грција, Бугарија и Србија формираа троен пакт за протерување на Турција од Македонија и поделба на територија на Македонија на три различни делови, зависно од стратегијата на европските велесили. Во балканските војни Македонија доживеала невидено пустошење и обезличување. Под притисок на Грчките воени и паравоени формации, над 100.000 луѓе беа принудени да ги напуштат нивните домови. По завршувањето на бал­кан­ски­те вој­ни нај­го­ле­ми­от дел од Ма­ке­до­ни­ја е окупиран и прик­лу­чу­ен­ во рам­ки­те на грч­ка­та др­жа­ва.

Не­по­сто­е­ње­то до­ми­нант­но грч­ко на­се­ле­ние на те­ри­то­ријата од ос­ман­ли­ска Маке­до­ни­ја, бил до­во­лен по­вод, по­крај дру­ги­те мер­ки, да би­дат пре­зе­ме­ни и кон­крет­ни актив­но­сти за на­се­лу­ва­ње на Гр­ци од грч­ка­та др­жа­ва, но и од дру­ги­те ос­ман­ли­ски те­ри­то­рии ка­де што тие жи­ве­е­ле. Грција ги упо­тре­би­ла си­те др­жав­ни ин­стру­мен­ти за да ја сме­ни ет­нич­ка­та сли­ка на Беломорска Македонија. По­крај Македон­ци­те ка­ко до­ми­нан­тен ет­ни­кум, жи­ве­е­ло зна­чи­тел­но мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние, по­тоа Грци, Евреи, Вла­си, Ро­ми и Ал­бан­ци. Ед­на од мер­ки­те за менување на таквата состојба била: Кон­вен­ци­ја­та ме­ѓу Гр­ци­ја и Бу­га­ри­ја од 1919 го­ди­на за „до­бро­вол­на“ раз­ме­на на на­се­ле­ни­е­то и, по­доц­на, Лозанската кон­вен­ци­ја од 1923 го­ди­на ме­ѓу Тур­ци­ја и Гр­ци­ја за за­дол­жи­тел­на раз­ме­на на христијанско населе­ние од Турци­ја и на мус­ли­ман­ско на­се­ле­ние од Гр­ци­ја.

Со пр­ви­от до­го­вор околу 57.000 ет­нич­ки Ма­ке­дон­ци со патриотски чуства се прог­ла­се­ни од Гр­ци­ја како „Бу­га­ри“ и на сила се иселени од сво­и­те ве­ков­ни ог­ни­шта. Со вто­ри­от до­го­вор би­ле принудени да се иселат околу 350.000 Македонци­ од православна и исламска вероисповед за Турција. Додека, од Турција во Грција биле донесени 1.300.000 православни христијани, а поголемата половина од нив била донесена во Беломорска Македонија. За Атина донесеното население би­ло „грч­ко“, со што засеко­гаш би­ла про­ме­не­та етнич­ка­та сли­ка во Беломорска Македонија.

Во периодот од 1913 до 1926 година Грција применува најагресивни и најсурови воени и политички методи. Во остварување на намерата за менување на етничкиот состав и погрчување на населението во окупираната територија на Беломорска Македонија има протерано околу 900.000 Македонци, а на нивно место има населено околу 1.300.000 православно население. Целта на таквата "размена" била да го обезличи, физички да го истреби и да го смени етничкиот состав во окупираните територии на Беломорска Македонија. Грчката геноцидна колонизација била смислена и реализирана на штета на македонскиот народ. Македонците од најмногуброен народ, тие добиле статус на малцинство во својата родна земја. Ако пред 1913 година од вкупно 1.070.000 жители, дури 80 отсто биле Македонци, веднаш по големите етнички промени, Македонците се намалиле на само 17%.

Грчката геноцидна политика не застанува овде, туку таа продолжува се до искоренување на античкото име Македонија и македонскиот народ. По завршувањето на II Светска војна, Грчката геноцидна стратегија подржана од Велика Британија и САД создаде фронт на територијата од Беломорска Македонија, со цел истребување на што повеќе етнички Македонци од нивните вековни огништа. За време на воените дејствија беа употребувани и напал бомби за заплашување, убивање, прогонување и раселување на Македонците. Само во Источно Европските земји беа раселени околу 32.000 малолетни деца од 2 до 14 години и околу 100.000 возрасни. По завршувањето на "граѓанската" војна многу македонци беа мачени, убивани и ставани во затворските логори на грчките острови, затоа што зборуваа на својот мајчин јазик, а тој беше единствениот јазик што тие го познаваа. Оваа година се навршија 70 год. од големиот прогон на Македонците од Беломорска Македонија, за никогаш повеќе да не ги видат и да не се вратат на своите македонски огништа.

Геноцидниот однос на Грција кон Македонците од Беломорска Македонија продолжува, со донесениот законот во 1980 год. на минатиот век кој е втемелен во Уставот на Грција. Со Законот за репатријација се дозволува враќање во своите места и домови само на тие кои се „Грци по раѓање“.

Овој закон имаше за цел да не дозволи враќње на прогонетите деца и возрасни македонци на своите вековни огништа. Грчката држава со редица закони и подзаконски акти ги лиши Македонците од грчкото државјанство и им ги конфискува имотите. Во почетокот на осумдесеттите години го донесе и понижувачкиот закон, според кој во Грција може да се вратат само под услов ако потпишат изјава дека се „Грци по род“.

Грчката геноцидна политика и стратегија не е завршена, таа со пари од ЕУ на Фондот за социјален развој преку Земјоделската банка на Грција во 1990 го­ди­на добила заем во вред­ност од 300.000.000 до­ла­ри. Добиените пари биле наменти за из­град­ба на ста­но­ви за 25.000 се­мејс­тва за околу 100.000 "со­вет­ски Гр­ци" во Беломорска Македонија. На­се­лу­ва­ње било на зем­јо­дел­ски по­вр­ши­ни ка­де што на доселе­ни­ци­те покрај ста­но­вите им биле доделени 10.000 хе­кта­ри зем­ја и 2.000 фар­ми, и тоа сè во подрач­је­то на Беломорска Македонија.

Стравот од античкото име Македонија не е ново, тоа било присутно и кај Римската Империја. По освојувањето на Македонија, Римската Империја ја поделила Македонија на 4 оделни автономии. Поради големиот страв им забранувале на поделените области помеѓу себе да тргуваат и да влегуваат во брачни врски. Дури и рудниците за злато и сребро биле затворени.

Името Македонија е многу големо и славно не само поради Александар и Филип Македонски, туку и поради античката цивилизација и култура, како и поради писменоста на св. Кирил и Методиј и ширењето на православието. Поради наведеното, Македонија им е трн во око на европските народи од Римската имерија до денес. Черечењето на Македонија се уште трае и се настојува да и се зададе последниот удар: со менување на античкото и многувековното име Македонија, со менување на идентитетот на македонскиот народ, со воведување на двојазичност и федерализација. Соучесници во черечењето на Македонија се ЕУ, САД, Грција, Албанија и Бугарија, нашите "стратешки" партнери.

Постојано ја забораваме изреката "злото од минатото не смее да се заборави". Така е кога не се учат лекциите и постојано истите грешки ни се повторуваат. За да не ни се повторуваат грешките потребно е да е земе хартија и молив и добро да се простудираат непријателите од минатото. Откако ќе се констатираат кои се тие треба тие да се пречкртаат и да се бараат вистински стратешки партнери, кои досега не ни имаат направено ништо лошо, а ни мислат добро.

Врз основа на истражуваните материјални докази на минатото го предлагам следниот заклучок:

Партијата Единствена Македонија има алтернатива за излез од оваа состојба, а тој е стратешко партерство со Русија и Евроазиската економска унија. А, не со ЕУ и НАТО, поради тоа што тие до сега имаат многу штета направено на Македонија и македонскиот народ и сеуште ни прават. Ќе набројам само неколку позначајни, а има уште многу: 1. Менувањето на името; 2. Менувањето на идентитетот; 3. Двојазичноста во целат држава; 4. Бришење на вистината на македонската историја; 5. Донесениот рамковен договор 2001 г. 6.Подржувачи се на Голема Албанија; 7. Во 2004 г. ни подготвија нечесна игра, САД го прифатија уставното име на Македонија, со цел да извршат нова штетна административна поделба на Македонија.Референдумот беше наместен и неуспешен за Македонците. Овој ли е нашиот стратешки партенер, кој не черечи на најчуствителните делови и ни подготвува последен-завршен удар.