Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на членови од Законот за попис


24.02.2021 | 16:52:41 | Пописи


Националниот Блок „Не отворам врата“ поднесе иницијатива до Уставниот суд за поништување на членови од Законот за попис

Изјава, Национален Блок „Не отворам врата“
проф. д-р Јанко Бачев, претседател на Единствена Македонија
Скопје, среда, 24 февруари 2021

Националниот Блок „Не отворам врата“ денес, среда, 24.02.2021 до Уставниот суд поднесе Иницијатива за уставна оценка на одредби од Законот за попис на населението, домаќинствата и становите во Република Македонија, 2021 година.

Во изјава за јавноста претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев како дел од Националниот Блок „Не отворам врата“ рече:

-„Правно гледано, денес пред Уставниот суд ги оспоривме член 8 став 1, член 34 став 1 и член 51 од законот за попис кои не се во согласност со член 7, член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3, член 9 став 1 и 2, член 16 став 1, член 19 став 1 и 2, член 39 став 2 и член 51 од Уставот на Република Македонија.

Во член 8 став 1 од Законот за попис се пропишува дека за лицата кои се на привремена работа или престој во странство податоците за нивни етнички и религиозни карактеристики ќе ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати

Меѓутоа, етничката и религиозната припадност е лично право на секој поединец и не може никој друг во негово име да ги дава овие определби. Овие определби се едни од најчуствителните прашања и никој со ништо не смее да влијае врз лицата во давањето на одговорот на ова прашање при пописот. Станува збор за строго лична работа, за составен дел на приватноста. Дури, одредено лице може од приватни причини и да не се изјасни по овие прашања или во однос на религиската припадност да се изјасни дека е атеист, односно, не е верник. Според тоа, овие определби не може да ги дава трето лице, на пример, комшија, другар, роднина.... Граѓаните не може да се дискриминираат на начин што за врема на попис некој друг ќе им ја определува етничката и религиозната определба по основ на  уставно непознати термини кои се користат во оспорената одредба во смисла податоци за етничките и религиозните карактеристики да се даваат според формулацијата во законот „полнолетно лице на кого најмногу му се познати“.

Понатаму, го оспоруваме член 34 став 1 од законот со кој е пропишано дека пописот ќе се спрорведе на 7 јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.

Според амандманот V од Уставот, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговотo кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така е службен јазик и неговото писмо како што е определено со овој амандман во контекст на употребата во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Оттука, обврската пописот да се спроведува на седум јазици нема своја уставно-правна основа.

Исто така го оспоруваме и член 51 од законот каде е пропишано глоба во износ од 200 до 300 евра за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот.

Имено, граѓанинот има обврска да се грижи за сопственото здравје и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини (во државата има 80 општини а според законот има 50 пописни реони) е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот.

Затоа, парична санкција за недавање на податоци преку одбивање на средби во своите домови заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите е во директна спротивност со уставната обврска за заштита на здравјето.

За крај уште да спомнам дека со оглед на фактот што оспорените одредби се однесуваат на попис што треба да се одржи од 1 до 20 април 2021 година, а со цел спречување на настанување тешко отстранливи последици, му предлагаме на судот врз основа на член 27 од деловникот на Уставниот суд и начелото на приоритет до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти и дејствија што се преземаат врз основа на оспорениот акт.

Верувам дека уставните судии ќе бидат на висината на задачата и ќе донесат одлука за  поништување на оспорените одредби од законот за попис - потенцираше Бачев.

Центар за комуникации на Националниот Блок „Не отворам врата“
Скопје, среда, 24 февруари 2021

Медиуми:

МИА

Скопје 1

Локално

Новости

Вечер

Тајм

Вести

Грид

МТВ (од 55 с.)

Во продолжение интегралниот текст од Иницијативата до Уставниот суд

 

До Уставниот суд

Врз основа на член 12 од Деловникот на Уставниот суд на Република Македонија („Службен весник на РМ“ бр. 70/92) поднесуваме

И Н И Ц И Ј А Т И В  А за поведување на постапка за оценување на уставност на закон

1.Собранието на седницата одржана на 21 јануари 2021 донесе Закон за попис на населението, домаќинствата и становите, 2021 година - натаму: законот („Службен весник на РМ“ бр. 19/2021) со што се постави прашањето за согласност на член 8 став 1, член 34 став 1 и член 51 од законот со член 7, член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3, член 9 став 1 и 2, член 16 став 1, член 19 став 1 и 2, член 39 став 2 и член 51 од Уставот.

2. Во член 8 став 1 од законот се пропишува дека за лицата кои се на привремена работа или престој во странство податоците од член 10 став 1 алинеа 6 и 8 за етнички и религиозни карактеристики за лицата што ќе бидат опфатени со пописот според член 6 точка 1 од законот ги дава полнолетно лице на кого најмногу му се познати.

Во член 34 став 1 од законот е пропишано дека апликацијата со која ќе се врши попишувањето ќе биде изготвена на 7 (седум) јазици: македонски, албански, турски, ромски, влашки, српски и босански.

Во член 51 од законот е пропишано глоба во износ од 200 до 300 евра за прекршок на физичко лице ако одбие да ги даде податоците што се бараат од него за Пописот.

3. Според амандманот V од Уставот, на целата територија во Република Македонија и во нејзините меѓународни односи службен јазик е македонскиот јазик и неговотo кирилско писмо. Друг јазик што го зборуваат најмалку 20% од граѓаните, исто така е службен јазик и неговото писмо како што е определено со овој амандман во контекст на употребата во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот.

Според член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3 од Уставот, темелни вредности на уставниот поредок на Република Македонија се основните слободи и права на човекот и граѓанинот признати во меѓународното право и утврдени со уставот, слободно изразување на националната припадност и владеење на правото.

Според член 9 став 1 од Уставот, граѓаните се еднакви во слободите и правата независно од полот, расата, бојата на кожата, националното и социјалното потекло, политичкото и верското уверување, имотната и општествената положба, а според став 2 граѓаните пред уставот и законите се еднакви.

Според член 16 став 1 од Уставот, на граѓаните им се гарантира слободата на уверувањето, совеста, мислата и јавното изразување на мислата.

Според член 19 од Уставот се гарантира слободата на вероисповеста, како и слободно и јавно, поединечно или во заедница со други, изразување на верата.

Според член 39 став 2 од Уставот, граѓанинот има право и должност да го чува и унапредува сопственото здравје и здравјето на другите.

Според член 51 од Уставот, законите мора да бидат во согласност со Уставот, а сите други прописи со Уставот и со закон. Секој е должен да ги почитува Уставот и законите.                                              

Од анализата на уставните и законските одредби, јасно и недвосмислено произлегува:

- етничката и религиозната припадност е лично право на секој поединец и не може никој друг во негово име да ги дава овие определби. Припадноста кон етничка заедница е лично чувство на припадност кон одредена етничка заедница. Религијата, генерално, се смета како збир на верувања и практики кои вклучуваат признавање на божество или вишо суштество, сила или принцип, според кој луѓето ги водат своите животи во практична и морална смисла. Овие определби се едни од најчуствителните прашања и никој со ништо не смее да влијае врз лицата во давањето на одговорот на ова прашање при пописот. Станува збор за строго лична работа, за составен дел на приватноста. Дури, одредено лице може од приватни причини и да не се изјасни по овие прашања или во однос на религиската припадност да се изјасни дека е атеист, односно, не е верник.

Според тоа, овие определби не може да ги дава трето лице, на пример, комшија, другар, роднина.... Граѓаните не може да се дискриминираат на начин што за врема на попис некој друг ќе им ја определува етничката и религиозната определба по основ на  уставно непознати термини кои се користат во оспорените одредби во смисла податоци за етничките и религиозните карактеристики да се даваат според формулацијата во законот „полнолетно лице на кого најмногу му се познати“.

- слободата на уверувањето гарантирано со уставот треба да овозможи граѓаните слободно да го избираат погледот на светот, односно, секој човек има право на слобода на мислата, совеста и верата. Тие не трпат ограничувања.

- граѓанинот има обврска да се грижи за сопственото здравје и здравјето на другите. Во оваа насока, на 11 март 2020 година, Светската здравствена организација прогласи глобална пандемија на болеста КОВИД - 19 предизвикана од новиот коронавирус САРС-КоВ-2, а кое нешто Република Македонија како членка на СЗО е во обврска да го почитува. Во Македонија е прогласена кризна состојба заради заштита на јавното здравје, односно, справување со кризна состојба која претставува ризик по здравјето и животите на луѓето. Оттука, во услови на пандемија, посетата на т.н. попишувачи кои посетуваат бројни домови од својот пописен реон кој опфаќа повеќе општини (во државата има 80 општини а според законот има 50 пописни реони) е директна закана по здравјето земајќи предвид дека општо познато е како се пренесува вирусот.

Затоа, попис во услови на пандемија и парична санкција во законот за недавање на податоци преку одбивање на средби во своите домови заради заштита на сопственото здравје и здравјето на другите е во директна спротивност со уставната обврска за заштита на здравјето.

- во делот на употреба на јазикот произлегува обврската за употреба на македонскиот јазик и неговото кирилско писмо на целата територија на државата и содветна употреба на  јазикот во единиците на локалната самоуправа во која најмалку 20% од граѓаните зборуваат службен јазик различен од македонскиот. Оттука, обврската пописот да се спроведува на седум јазици нема своја уставно-правна основа.

Значи, дејствувањето на граѓаните е слободно и под еднакви услови и дека таа слобода и еднаквост се изразува и во делот на правото да се изрази лично етничката и религозната припадност, заштитата на здравјето, употреба на јазикот во пописниот процес,  кои спаѓаат во категоријата основни слободи и права на човекот и граѓанинот кои претставуваат темелна вредност на уставниот поредок на Република Македонија, поради што нивното остварување е уставно заштитено, односно, еднаквоста и рамноправноста на граѓаните е веќе уставно уредено прашање

Оттука, целта на кој и да е закон поврзан со правата и слободите на граѓаните во едно демократско општество е секогаш создавање на услови за остварување на овие права под еднакви услови, а не нивно ограничување. Значи, целта и на овој закон мора да е пропишување но и обезбедување на услови за еднаков и рамноправен пристап на граѓаните во пописниот процес, а не преку утврдување на дискриминаторни услови и нееднакво изразување според пописните правила, што е недопуштено во едно демократско општество.

4. Врз основа на изнесеното, како и од целината на изнесените аргументи сметаме дека член 8 став 1, член 34 став 1 и член 51 од законот не се во согласност одредбите од Уставот, односно со член 7, член 8 став 1 алинеа 1, 2 и 3, член 9 став 1 и 2, член 16 став 1, член 19 став 1 и 2, член 39 став 2 и член 51 од Уставот, заради што му предлагаме на судот да ги поништи овие одредби.

 Посебно барање:

Со оглед на фактот што оспорените одредби се однесуваат на попис што треба да се одржи од 1 до 20 април 2021 година, а со цел спречување на настанување тешко отстранливи последици, му предлагаме на судот врз основа на член 27 од деловникот на Уставниот суд и начелото на приоритет до донесувањето на конечна одлука, да донесе решение за запирање на извршувањето на поединечни акти и дејствија што се преземаат врз основа на оспорениот акт.

                                    Националeнт Блок „Не отворам врата“

                                                            Координатори:

 

Вангел Божиновски _________________________________

 

Марјан Камиловски _________________________________

 

 Ацо Николовски      _________________________________