ФОТО: Бачев, Мицов, Угриновски, Николов и Јованчев пред Собрание запалија свеќа - испратија последен поздрав за Саздо


11.07.2018 | 14:10:04 | Соопштенија


ФОТО: Бачев, Мицов, Угриновски, Николов и Јованчев пред Собрание запалија свеќа - испратија последен поздрав за Саздо

Почит, Единствена Македонија Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Драган Угриновски, Ацо Николов и Зоран Јованчев Скопје, вторник, 10 јули 2018

Мирен протест се одржа вечерва пред Собранието на Република Македонија за прерано починатиот Никола Саздовски- Саздо каде граѓаните пред фотографија од починатиот Саздо поставена на троатарот пред Собранието, со солзи во очите палеа свеќи.

Меѓу присутните беа и членови на навивачката група „Комити“, чиј член беше Саздовски, како и претставниците на Единствена Македонија Јанко Бачев, Стефан Влахов Мицов, Драган Угриновски, Ацо Николов и Зоран Јованчев кои запалија свеќа и испратија последен поздрав за младиот македонски комита Никола Саздовски.