Реакција на Претседателот на НДМ, Јанко Бачев во „Шпиц„: Јас војував, не се сончав во 2001 година


12.02.2010 | 00:26:09 | Соопштенија


Реакција на Претседателот на НДМ, Јанко Бачев во „Шпиц„: Јас војував, не се сончав во 2001 година

Во изданието на „Шпиц„ од 11 февруари 2010 година, во текстот под наслов „Пак ќе си ги мериме?„ од авторот Бранко Героски во врска со мојата полемика со Мендух Тачи околу неговите закани со војна во Македонија, авторот на текстот укажува и на неспорната вистина дека за време на војната во 2001 некои се сончаа на плажите додека во Македонија се гинеше за Татковината.

Но, од конотацијата на текстот може неоправдано да се стекне поинаква слика кај читателите и за мене, заради што чуствувам потреба да дадам кратко допрецизирање.

Имено, јас сум припадник на безбедносните сили се до 2002 година, што значи дека сум активен учесник во одбраната на Татковината цела 2001-ва година кога во Македонија се водеа воените дејствија. За сите оние што не биле во војска да појаснам дека одбранбените сили на една земја претставуваат сложен систем составен од повеќе компоненти-пешадија, артилерија, санитетски, разузнавачи, контраразузнавачки сили и слично, и без ниту еден од овие елементи практично не може да се замисли војувањето на една земја. Не случајно американските претседатели првото утринско кафе го пијат со директорот ан ЦИА, а уште поилустративен е рускиот премиер Путин кога вели дека  дури и со силите на еден човек може да се постигне нешто што не можат да го постигнат цели армии, т.е. еден разузнавач ги решава судбините на илјадници луѓе.

Но жално е што и по осум години од војната Македонија сеуште не покажува доволен институционален капацитет да изработи соодветна анализа што ни се случи во воената 2001 од која произлезе т.н. рамковна спогодба која ја обезличи државата и е длабоко трауматична за македонската национална свест и дополнително да дефинира содветни солуции и проценка за во иднината. Уште повеќе што во услови на привиден мир од 2001 година, сите цело време повторно зборуваат за опасност од меѓуетничи тензии и војна.

Скопје, 12 февруари 2010 Центар за комуникации со јавноста на НДМ