Врз основа на член 29 од Статутот на Единствена Македонија,  Статутарната комисија утврди пречистен текст на Статутот.

(Пречистениот текст на Статутот на Единствена Македонија ги опфаќа Статутот на партијата донесен на основачкото собрание на Народно движење за Македонија одржано на 18 мај 2002 година, и измените и дополнувањата на Статутот донесени на седница на Централниот Комитет од 20 октомври 2002, 28 април 2008 година и 21 јануари 2018 во кои е означено и времето на нивното влегување во сила.)

Статут на Единствена Македонија

(пречистен текст)

I.  Општи одредби

Член 1

Единствена Македонија е политичка партија (во понатамошниот текст Партија) во која врз основа на уставното право за слободно политичко дејствување и принципот на слободно пристапување и здружување, членуваат припадници на македонскиот народ и припадници на малцинствата кои ги прифаќаат програмските цели и задачи на Партијата во рамките на уставните и законските определби на Република Македонија.

Член 2

Името на Партијата е : Единствена Македонија.

Скратеното име на Партијата е: ЕМ.

Единствена Македонија е партија втемелена врз вековните стремежи и интереси на македонскиот народ како и патриотизмот на сите оние кон заедничката татковина Република Македонија.

Член 3

Партијата има својство на правно лице.

Седиштето на партијата е во Скопје на ул. “Даме Груев” бр.10

Одлука за промена на седиштето донесува Извршниот Комитет на Партијата.

Член 4

Партијата има свој печат и штембил.

Партискиот печат е во форма на круг во кој е испишано името на партијата и местото на седиштето, а во средината е поставен партискиот заштитен знак.

Штембилот на партијата е во правоаголна форма и во него е испишано името на партијата, просторот за број и датум, во долниот дел пишува Скопје, а во левиот горен агол поставен е партискиот заштитен знак

Член 5

Партијата има заштитен знак, знаме, химна и партиска легитимација.

Партискиот заштитен знак претставува стилизирана фигура на лав во бела боја над кој има знаме со црвена боја со шеснаесеткрако сонце, а под него со жолти букви е испишано името на партијата: Единствена Македонија.

Партиското знаме е во правоаголна форма со димензии во однос 2:1 со сина боја на кое во средината е стилизиран партискиот заштитен знак на партијата.

Химната ја утврдува Централниот Комитет на партијата.

Партиската легитимација го содржи името и заштитниот знак на партијата и служи како документ за докажување на припадност на Партијата.

Член 6

Работата на партијата е јавна.

Партијата ја информира јавноста за својата работа преку средствата за јавно информирање, сопствените гласила и на друг начин во согласност со Законот.

II. Цели и задачи

Член 7

Основни цели и задачи на Единствена Македонија се:

– целосно остварување и реафирмација на државната, политичката и економската сувереност на македонската држава;

– развој на демократските процеси базирани врз уставните начела за слободите и правата на граѓаните, како и етичките и хуманистичките вредности на македонското општество;

– остварување на уставната определба за изградба на Република Македонија како социјална држава, и етаблирање на одговорна, флексибилна и компетентна власт, пазарно стопанство, соодветен даночен систем и современо образование;

– слобода на говорот и печатот, спротивставување на секаков вид политичко туторство врз новинарството, цензурата и интервенционизмот во новинарските прилози;

– економски развој и просперитет на македонската држава;

– меѓународна афирмација на Република Македонија како активен субјект во меѓународните односи, како и градење на стабилна и мирољубива политика со соседните држави;

– целосно почитување на духовните, традиционалните, културните и други вредности на македонскиот народ, и на деловите на други народи кои живеат во Република Македонија, како и грижа за положбата и правата на припадниците на македонскиот народ во соседните земји и за иселениците од Македонија;

– вклучување на Република Македонија во Евроазиската економска унија и стратешко партнерство со Русија како рамноправен и респектиран субјект во меѓународните односи.

III. Членување во Партијата

Член 8

Членувањето во партијата е слободно и доброволно.

Член на партијата може да биде секој полнолетен граѓанин кој е државјанин на Република Македонија, без оглед на неговото етничко потекло, верска определба, пол, социјален статус, кој живее или работи во или надвор од Македонија, а кој ќе даде изјава (пристапница) за членство, и ги прифаќа Статутот и Програмата на партијата.

Партијата може да има и почесни членови.

Член 9

Начинот на зачленувањето, правата и обврските на членовите, како и статусот на почесните членови, поблиску се уредува со посебен акт што го донесува Централниот Комитет на партијата.

Член 10

Права, обврски и одговорности на членовите се:

-да учествува во работата на партијата;

-да избира и да биде избран во органите на партијата;

-да биде кандидиран за носител на јавна функција во државната и локалната администрација;

-да биде информиран за активностите и дејствувањето на партијата;

-да дава предлози за поуспешна работа на партијата;

-активно да се ангажира во афирмацијата на програмските определби на партијата и зголемување на бројот на членовите и симпатизерите на партијата;

-да се грижи за заштита на угледот, честа и достоинството на партијата;

Член 11

Членот сноси политичка одговорност во случај кога неговата активност е спротивна на овој Статут, програмските определби, целите и задачите на партијата.

Членот не може да сноси политичка одговорност за изразено поинакво мислење од мнозинството во расправата на органите и телата на партијата.

Начинот и постапката на утврдување на одговорност се регулира со посебен акт што го донесува Централниот Комитет на партијата.

Член 12

Членувањето во партијата престанува со:

–   изјава за доброволно истапување од членството;

–   настапување на смрт;  и

– исклучување заради дејствување спротивно на Статутот, програмските документи и другите акти на партијата.

IV. Органи на Партијата

Член 13

Органи на Партијата се:

а)  Конгрес на Партијата;

б)  Централниот Комитет;

в)  Претседател на Партијата

г)   Извршниот Комитет;

д)   Секретаријат;

ѓ)   Годишно собрание;

е)  Статутарна комисија;

ж) Надзорна комисија за материјално-финансиско работење;

з) Суд на честа;

Конгрес на Партијата:

Член 14

Конгресот е највисок орган на Партијата.

Конгресот може да биде редовен или вонреден.

Редовниот конгрес се одржува на секои четири години.

Одлука за свикување на редовниот конгрес донесува Централниот Комитет најмалку три месеци пред неговото одржување.

Конгресот го свикува Претседателот со покана доставена до делегатите најдоцна 15 дена пред одржување на седницата.

Конгресот го отвора и со него раководи Претседателот на партијата.

Конгресот го сочинуваат најмалку 100 делегати избрани според критериумите што ќе ги определи Централниот Комитет.

Конгресот може да работи доколку се присутни најмалку две третини од избраните делегати.

Конгресот одлучува со мнозинство на гласови од вкупно присутните делегати.

Барање за одржување на вонреден конгрес можат да поднесат една третина од членовите на Централниот Комитет, во кое ќе се наведат причините за свикување на вонреден конгрес. Претседателот на партијата е должен во рок од десет денови да свика седница на Централниот Комитет која ќе се одржи најдоцна дваесет денови од поднесувањето на барањето. Одлуката за свикување на вонреден конгрес се смета за донесена доколку за неа се изјаснат една половина од вкупниот број членови на Централниот Комитет.

По донесувањето на одлуката, вонредниот конгрес се одржува во рок од 60 денови

 Член 15

Конгресот:

–   донесува деловник за работа;

–   избира комисија за верификација на мандатот на делегатите на Конгресот и ги верифицира нивните мандати;

–    донесува и менува Статут;

–    донесува Програма и програмски документи;

–   го разгледува и усвојува извештајот за работата на партијата меѓу два конгреса;

–   го разгледува и усвојува извештајот за материјално-финансиското работење на партијата;

–   избира Претседател на партијата;

–   избира Суд на честа;

–   избира надзорна комисија;

–   избира статутарна комисија;

–   избира други комисии и тела;

–   донесува одлуки и други акти.

Централен Комитет

Член 16

Централниот Комитет е највисок орган на партијата меѓу два конгреса.

Мандатот на Централниот Комитет трае 4 години.

Членови на Централниот Комитет се:

–   претседателите на општинските организации на партијата;

–   избрани делегати на младинската организација на партијата;

–   претседателот на асоцијацијата на жените на Единствена Македонија;

–   избраните пратеници во Собранието на РМ;

–   координатор на Советот на градоначалници на Единствена Македонија;

–   избрани делегати од општинските организации на партијата;

–   по еден претставник од асоцијациите на партијата за Европа, Америка, Канада и Австралија.

Поблиските критериуми и принципи за избор на општинските делегати ќе се уредат со посебен акт, што го донесува Централниот Комитет.

Член 17

Централниот Комитет

–   утврдува предлог програма и Статут;

– избира и разрешува Генерален секретар и членови на секретаријатот на партијата;

–   се грижи за реализирање на задачите утврдени на Конгресот;

– ги разгледува и усвојува извештаите за работата на извршниот комитет секретаријатот и другите тела што ги формира партијата;

–  избира и разрешува членови на извршниот комитет;                                     

–  дава иницијативи за разгледување на одредени прашања на Конгресот;

–   одлучува за соработка со други политички партии и други организации;

– утврдува кандидати за избор на пратеници, градоначалници и други јавни функции;

–   го разгледува финанското работење на партијата;

–   донесува деловник за својата работа;

–  донесува деловници за работа на извршниот комитет, секретаријатот, годишното Собрание како и за работата на местните организации;

–   донесува правилник за утврдување одговорност на членовите на партијат