Кои сме ние


08.04.2021 | 14:18:41 | Кои сме ние


Кои сме ние

Ние сме секогаш на првата линија во одбрана на националните и државните интереси на македонскиот народ и македонската држава.

Ние во Единствена Македонија сме определени за Република Македонија како национална држава на македонскиот народ, со унитарен карактер и гарантирани права на малцинствата според меѓународното право, неделивост и неотуѓивост на државната територија без можност за нејзино дезинтегрирање во федерални единки или територијална автономија, македонскиот јазик и неговото кирилско писмо како службен јазик, неменување на исконското име – Република Македонија како битна конституиента на македонската национална свест и македонската нација, зачувување на македонскиот идентитет, историја, култура и традиции во нивното тримилениумско постоење.

Ние сме вградени во зачувувањето на автокефалноста на Македонската православна црква и нејзиното автентично место како прва православна црква на Балканот и потребата од организирање на Црковно-народен собор за прочистување на МПЦ од криминалци и национални предавници, вклучително и највисокиот црковен клир.

Во нашите политики е организирање на Уставотворно собрание за донесување на нов Устав заснован на погоре споменатите принципи; забрана на партии, организации и здруженија кои ја негираат тримилениумската македонска историја, идентитет, јазик и култура; преиспитување на периодот од 1991, до денес, во економска и политичка смисла и тоа, поништување на сите штетни правни акти за македонскиот народ и македонската држава, затвор и целосна конфискација на имотот на криминалците, квислинзите и националните предавници, согласно законите што ќе произлезат од новиот македонски Устав; строги казни за виновниците за криминалната приватизација и за капитуланските договори – рамковен 2001, пржински 1 и 2, за територијалната поделба во 2004, за штетните договори со Бугарија и Грција; ревизија и одземање на украденото во криминалната приватизација со која е извршен грабеж на општествениот имот кој 45 години назад го создаваа сите работни луге во социјализмот, ревизија и одземање на украденото и во постприватизациониот период; организирање на македонската држава на социјална основа со целосна посветеност на егзистенцијата и животот на македонските граѓани.

За нас светот е многу поширок и не завршува до Брисел и Вашингтон. Ние ќе ја придвижиме Република Македонија кон соработка со држави и меѓународни организации кои не го доведуваат во прашање името, идентитетот, историјата и традицијата на македонскиот народ. Овој процес го почнавме храбро, решително и во интерес на народот.

Работиме здружено, одлучно, храбро и со цврста верба, на реална Програма за Македонска Македонија.

И ти можеш да дадеш свој придонес или да бидеш дел од нас.

Приклучи се!

Зачлени се!