Генерален секретар на Единствена Македонија

АЦО НИКОЛОВСКИ

Ацо Николовски е роден во Велес, 1966 година, по националност е Македонец. Николовски има големо животно, политичко и општествено искуство со чиста мисла и родољубиви цели без политички и криминални товари.

По професија е дипломиран електоиженер а своето образование го стекнал на Електротехничкиот Факилтет при универзитетот Св. „Кирил и Методи“ во Скопје. Николовски во текот на својата професионална кариера работел на повеќе работни позиции, во домашни и меѓународни компании каде се здобил во врвно теоретско и практично искуство во својата професија.

Во текот на својата професионална работа се здобива со овластувања за проектирање, изведба и надзор на градби од А категорија во делот на електроенергетиката. Во склоп на својата професија има учествувано и реализирано повеќе домашни и меѓународни проекти во делот на електроенергетиката.  

Своето политичко делување го започнува уште во далечната 90 години во периодот на осамостојување на Република Македонија. Во овој период Николовски се стекнува со големо организационо - техничко искуство кое понатаму во целост го применува во организационата работа во партијата Единствена Македонија. Во Единствена Македонија е од самиот почеток и тоа како член на иницијативниот одбор, а по формирањето на партијата е избран и за член на извршниот комитет на партијата. Во моментот Николовски ја извршува фунцијата Генерален Секретар на партијата.

Николовски е семеен човек и татко на две деца.

 

КОНТАКТ:

Тел: 02 62 03 071; 075 213 495; 070 363 417 
Email: aco.nikolovski@edinstvenamakedonija.mk
Facebook
https://www.facebook.com/Aco.Nikolovski.66 
Адреса: Даме Груев 10, Скопје, 1000, Република Македонија