Во Србија во изборната кампања дебатираат сите, во Македонија само строго одбрани партии: Кој го замолкна Бачев?


25.10.2026 | 13:06:50 | Соопштенија


Во Србија во изборната кампања дебатираат сите, во Македонија само строго одбрани партии: Кој го замолкна Бачев?

Единствена Македонија ги повикува македонските медиуми да се угледаат на Србија, каде што во предизборната кампања партиите и коалициите добија можност преку дебатни емисии да ги претстават своите програми и ставови.

За разлика од Србија, во Македонија изборната кампања се сведе главно на строго одбрани партии, како другите политички партии да не постојат.

Особено скандалозно е што претседателот на Единствена Македонија е единствениот партиски претседател на кого, директорот на Канал 5, Иван Мирчевски, му забранил настап на телевизијата.

Единствена Македонија прашува: зарем Србија има поголем демократски плурализам од Македонија?

Медиумите треба да бидат простор за сите политички идеи, а не монопол на одбрани партии. Граѓаните имаат право да ги слушнат сите политички опции, а не само оние што медиумите избираат да ги промовираат.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела 25 октомври 2026 година