Тони Стојановски на чело на Единствена Македонија Драчево - Партијата отвора врата за нови луѓе


20.09.2026 | 14:02:48 | Соопштенија


Тони Стојановски на чело на Единствена Македонија Драчево - Партијата отвора врата за нови луѓе

Единствена Македонија продолжува со реализација на изборниот циклус за избор на претседатели на локалните организации на партијата. Синоќа во Драчево, за претседател на Месниот комитет на Единствена Македонија – Драчево, со нов четиригодишен мандат е избран Тони Стојановски.

Тони Стојановски е докажан и искусен кадар и патриот, кој со својот долгогодишен ангажман секогаш бил на првата линија во одбраната на македонските национални интереси, како и во заложбата за расчистување со грабежот, криминалот и корупцијата во Македонија.

Изборот е дел од тековниот циклус за избор на претседатели на сите локални организации на партијата, согласно член 37 од Статутот, со што продолжува процесот на конституирање и кадровско зајакнување на општинските и месните комитети на партијата.

Особено значајна новина во актуелниот изборен циклус е можноста за самокандидирање за претседатели на општинските и месните комитети. Со оваа можност, Единствена Македонија ги отвора своите структури за сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат во остварувањето на визијата, програмските определби и целите на партијата.

Сите заинтересирани граѓани кои сакаат да се кандидираат можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.

Единствена Македонија продолжува со организациското јакнење и создавање силни локални структури, со активно учество на граѓаните од сите делови на Македонија.

Приклучи се на Единствена Македонија! 
ЦЕЛА МАКЕДОНИЈА – ЕДИНСТВЕНА МАКЕДОНИЈА!