Галама за Младиќ, молк за Ахмети - Единствена Македонија удри по двојните аршини


14.09.2026 | 15:50:33 | Соопштенија


Галама за Младиќ, молк за Ахмети - Единствена Македонија удри по двојните аршини

Единствена Македонија реагира на лицемерието и двојните стандарди во македонската политика.

Деновиве се крева голема галама и осуда за Ратко Младиќ, но истовремено владее молк за учеството на лидерот на ДУИ, Али Ахмети, на маршот во Приштина во поддршка на Хашим Тачи, Кадри Весели, Јакуп Красниќи и Реџеп Селими, на кои им се суди во Хаг.

Ахмети ги прогласи за невини, ги нарече „ослободители“ и порача „да живее ОВК“. Каде се сега оние кои деновиве се натпреваруваат во осуди и морализирање?

Особено лицемерно е што се говори за Младиќ, а истовремено Сојузот на борците од НОБ реагира на именувањето улици и јавни простори во Тетово по личности кои, според нивните историски оценки, биле дел од фашистичкиот и балистичкиот корпус.

Не може едно да важи за Младиќ, друго за Тачи и лидерите на ОВК, а трето за историските личности поврзани со фашистичкиот и балистичкиот корпус во Македонија.

Единствена Македонија бара да престане политичката демагогија и да важи еден аршин за сите.

Злосторствата се осудуваат без разлика кој ги сторил, а историјата не смее да биде алатка за дневнополитички интереси.

Доста со двојните стандарди!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, понеделник 14 септември 2026 година