Доста со демагогија и лицемерие - го осудувате Младиќ, а молчите за споменици и улици на фашисти и балисти


30.08.2026 | 14:36:04 | Соопштенија


Доста со демагогија и лицемерие - го осудувате Младиќ, а молчите за споменици и улици на фашисти и балисти

Единствена Македонија реагира на лицемерието и двојните стандарди во македонската политика.

Особено е лицемерно тоа што деновиве се говори за Младиќ, додека Сојузот на борците од НОБ и антифашистичка војна на Македонија реагира на именувањето на јавни простори во Тетово со имиња на личности кои, според нивните историски оценки, биле дел од фашистичкиот и балистичкиот корпус.

Општ е впечатокот за осудана Младиќ, но истовремено молк кога во западниот дел на Македонија се поставуваат имиња на улици и плоштади поврзани со фашисти.

Сојузот на борците реагира на ваквите појави во Тетово, а ние бараме: да престане демагогијата и да има принципиелност.

Не може да го осудувате Младиќ, а да молчите кога на територијата на Македонија се обидуваат да воскреснат имиња и симболи на оние кои во Втората светска војна учествувале во окупацијата и злосторствата врз македонскиот народ.

Дотолку повеќе, Младиќ нема злосторства извршени во Македонија, додека злосторствата на фашистичките и балистичките структури во Македонија се дел од нашата сопствена историја.

Злосторствата мора да се осудуваат со исти критериуми и без разлика на кого се однесува.

Доста со двојни аршини. Историјата не смее да биде алатка за дневна политичка демагогија. Ако сакаме вистинско помирување и почит кон жртвите, тогаш мора да има принципиелност за сите и без исклучок.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, недела, 30 август 2026 година.