Фетаи ќе ја брани Македонија во Брисел од Бугарија, а не знае ниту една реченица од македонската историја, целата кариера му е врзана со Косово


30.07.2026 | 15:49:29 | Соопштенија


Фетаи ќе ја брани Македонија во Брисел од Бугарија, а  не знае ниту една реченица од македонската историја, целата кариера му е врзана со Косово

Единствена Македонија, како партија чиј основен приоритет е одбраната и заштитата на македонските национални интереси, смета дека е погрешна одлуката на Владата за именување на Арбен Фетаи за специјален претставник на Македонија за Европската Унија во Брисел.

Од партијата посочуваат дека причината за нивната реакција не се однесува на обвинувањата дека како министер не одел на работа а примал плата, туку на, како што велат, недоволниот капацитет на Фетаи да одговори на предизвикот за застапување и заштита на македонските национални интереси во актуелниот политички момент.

„Битката за Македонија и македонските интереси во голема мера се води во Брисел, како главен политички и дипломатски центар на Европа. Токму таму е потребен искусен и подготвен претставник кој ќе може аргументирано да ги брани македонските позиции“, велат од Единствена Македонија.

Од партијата додаваат дека сметаат оти Фетаи нема познавање на македонската историја и дека неговото досегашно професионално искуство е најмногу поврзано со институциите на Косово, поради што, според нив, не е соодветен избор за позицијата во Брисел каде се биде бтиката со бугарската негаторска политика.

„Не спориме дека Владата, согласно коалицискиот договор со албанскиот политички партнер, треба да обезбеди соодветна функција, но доколку веќе се испраќа во дипломатијата, постојат и други дестинации каде би можел да биде ангажиран, на пример, Данска, Норвешка, Швајцарија...

Брисел не смее да биде место за кадровски компромиси, бидејќи таму се води клучната битка за Македонија и Македонците“, наведуваат од партијата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток 30 јули 2026 година