Внатрепартиските избори во Единствена Македонија продолжуваат - Далибор Богданов избран за претседател на Општинскиот комитет Чешиново Облешево


25.07.2026 | 14:44:44 |


Внатрепартиските избори во Единствена Македонија продолжуваат - Далибор Богданов избран за претседател на Општинскиот комитет Чешиново Облешево

Вечерва, за претседател на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Чешиново-Облешево, со нов четиригодишен мандат беше избран Далибор Богданов.

Согласно член 37 од Статутот на партијата, во тек е изборниот процес за избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.

Овој изборен циклус носи и значајна новина - за првпат се воведува можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со тоа, Единствена Македонија дополнително се отвора кон сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и со својот ангажман да придонесат кон остварувањето на визијата и целите на партијата.

Сите заинтересирани можат да ја достават својата намера за кандидатура по електронски пат на press@edinstvenamakedonija.mk или преку инбокс на официјалната Фејсбук страница на Единствена Македонија.

Приклучи се на Единствена Македонија! 
Цела Македонија – Единствена Македонија!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Чешиново-Облешево, сабота 25 јули 2026 година.