Штип ја донесе одлуката, Маре Стојилова повторно на чело на Општинскиот комитет на Единствена Македонија


08.07.2026 | 14:00:35 | Соопштенија


Штип ја донесе одлуката, Маре Стојилова повторно на чело на Општинскиот комитет на Единствена Македонија

Во просториите на Општинскиот комитет на Единствена Македонија во Штип, Маре Стојилова повторно ја доби довербата и е избрана за претседателка на Општинскиот комитет со нов четиригодишен мандат.

Изборот е спроведен согласно член 37 од Статутот на партијата, во рамки на тековниот процес на избор на претседатели на сите општински комитети на Единствена Македонија.

Овој изборен циклус носи и една новина - за првпат е воведена можноста за самокандидирање за претседатели на општинските комитети. Со овој чекор партијата ја отвора вратата за сите граѓани кои сакаат активно да се вклучат во политичкиот живот и да придонесат во остварувањето на визијата и целите на Единствена Македонија.

Сите заинтересирани кандидати можат да достават намера за кандидатура, по што ќе следуваат разговори и разгледување на нивните предлози и идеи.

Средбата во Штип не помина само во знакот на изборот, туку и во духот на македонската традиција и гостопримство. Маре Стојилова лично се погрижи за присутните, подготвувајќи пригоден коктел, славеничка торта и традиционална македонска погача - гест кој ја истакна нејзината посветеност, домаќински дух и почит кон македонските обичаи.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, среда, 8 јули 2026 година.