Електронско гласање дома и во странство, пари за избори, за сите или за никој


07.07.2026 | 12:46:38 | Соопштенија


Електронско гласање дома и во странство, пари за избори, за сите или за никој

Единствена Македонија пред денешната седница во Собранието на која ќе се разгледуваат измените и дополнувањата на Изборниот законик бара нејзината иницијатива за воведување целосно електронско гласање, и во странство и во земјата, да биде земена предвид.

Од партијата велат дека ниската излезност на изборите негативно влијае врз легитимитетот и кредибилитетот на изборниот процес, а електронското гласање би овозможило полесен пристап до избирачкото право и зголемување на бројот на гласачи.

Според Единствена Македонија, ваков модел веќе се применува во повеќе европски држави, меѓу кои и членки на Европската Унија, како и во Швајцарија, па оттаму сметаат дека Македонија треба да ги следи позитивните меѓународни искуства.

Партијата се осврна и на прашањето за државното финансирање на политичките партии, при што бара еднаков третман за парламентарните и вонпарламентарните партии или целосно укинување на државното финансирање.

„Недозволиво е на следните вонредни парламентарни избори во пролет 2027 годинаВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ и ВЛЕН добиваат по околу 800.000 евра, Левица и ЗНАМ околу 300.000 евра и останатите парламентарни партии без пратеничка група околу 200.000 евра. Вонпарламентарните партии се исклучени од државното финансирање, со што, де факто, се укинува нивното политичко делување, иако станува збор за буџетски средства на сите граѓани“ реагираат од партијата.

Од Единствена Македонија оценуваат дека ваквиот модел создава нерамноправни услови и го ограничува политичкото делување на помалите партии, иако станува збор за средства од државниот буџет.

„Пари за избори за сите или за никој“, порачаа од партијата.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, вторник, 7 јули 2026 година