Единствена Македонија бара крај на поделбите: Што уште терба да им се случи на Македонија и Македонците за да видиме единство


20.06.2026 | 17:04:36 | Соопштенија


Единствена Македонија бара крај на поделбите: Што уште терба да им се случи на Македонија и Македонците за да видиме единство

Единствена Македонија со жалење констатира дека секојдневно продолжува погубната политика на непријателство меѓу водечките партии во власта и опозицијата.

Повикуваме меѓусебните обвинувања да престанат бидејќи во ова тешко време за Републиката е потребно сплотеност и единство по прашањата поврзани со националниот карактер и интересите на Македонците.

Апелираме на трпение до изборите каде ќе може жестоко да се расправаме за сите други теми кој каква економска, даночна, земјоделска, младинска, култура, спортска...политика ќе води.

Единствена Македонија бара усвојување на национален документ, подржан од сите политички партии во државата, во кој ќе бидат утврдени неколку клучни точки од национален интерес, за кои не би се водела политичка расправа. Отстапувањето од овие точки треба да се смета за национално предавство.

Што уште треба да им се случи на Македонија и Македонците за да дојде до домашно единство за националните интереси, дотолку повеќе ова не е битка на поединци и лидери, туку борба за нацијата и државата.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија  
Скопје, сабота, 20 јуни 2026 година.