Единствена Македонија бара Совет на политички лидери за национални прашања, нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање


27.05.2026 | 19:45:36 | Соопштенија


Единствена Македонија бара Совет на политички лидери за национални прашања, нема големи и мали партии кога е Македонија во прашање

Единствена Македонија изразува загриженост поради континуираните процеси кои влијаат врз македонскиот национален идентитет и државните позиции. Неопходно е поголема внимателност и одговорност од страна на институциите во однос на прашања од национален интерес.

Единствена Македонија ја поздравува цврстата определба на актуелната власт да не прави дополнителни отстапки кои би навлегле во виталните национални и државни интереси на Македонија и македонскиот народ, но сметаме дека тоа е недоволно заради што е потребен поширок и поинклузивен пристап.

Во тој контекст, сметаме дека прашањата од ваков карактер не треба да бидат предмет на одлучување на поединечни политички структури, туку бараат национален консензус, бидејќи ова не се прашања на една партија или на една влада.

Затоа, предлагаме формирање на Совет на политички лидери од сите политички партии, во кој би се усогласувале заеднички позиции по прашања од највисок државен и национален интерес, односно, изградба на национален став со јасно дефинирање дека секое отстапување од тој став ќе се цени за национално предавство во Македонија.

Нема големи и мали партии кога станува збор за Македонија и Македонците - има само добри и лоши идеи!

Центар за комун икации на Единствена Македонија
Скопје, среда 27 мај 2026 година