Бачев со честитка за Божиќ: Божјата љубов и националната должност, обврска за секој Македонец


07.01.2026 | 15:54:57 | Соопштенија


Бачев со честитка за Божиќ: Божјата љубов и националната должност, обврска за секој Македонец

Во името на Единствена Македонија и во свое лично име упатувам честитки до членовите на Синодот на Македонската православна Црква, на преподобното свештенство и монаштво и на сите православни верници по повод големиот христијански празник, Раѓањето Христово - Божиќ со желба за добро здравје, лична среќа, мир и спокој.

Преку Христос, божјата љубов кон човештвото победи над Божјиот гнев. Свесни дека таа цена е платена за секој човек, наша должност е да ја одбраниме светата македонска земја од оние кои немаат никава почит, човекољубие и разбирање за македонскиот народ и македонската држава.

И со таква увереност, да ја возобновиме нашата татковина Република Македонија како национална држава на македонскиот народ со гарантирана положба на малцинствата, почитување на традиционалните и духовните вредности, а помирувањето на македонската држава да биде обнова на посветеноста кон нашата зедничка инднина.

Македонската православна Црква е еден од темелите на државноста и вековен чувар на македонскиот народ и главен столб на македонското опстојување. Македонските свештеници имаат силна национална должност да ја проповедаат нашата света должност да ги одбраниме библискиот македонски народ и светата македонска библиска земја.