Уставниот суд се мајтапи со народот – Кацарска не е независна, туку судија со награда за политички осуди


21.11.2025 | 15:36:22 | Соопштенија


Уставниот суд се мајтапи со народот – Кацарска не е независна, туку судија со награда за политички осуди

Единствена Македонија најостро реагира на денешното соопштение на Уставниот суд со кое на отворена сцена се мајтапат со народот пишувајќи дека судијката Добрила Кацарска е судијка со интегритет, самостојност и независнот.

А што може да се очекува од еден Уставен суд кога сите уставни судии се дојдени во овој суд по линиии кои немаат никаква врска со знаење, способност и достигнување.

Цела Македонија знае дека Добрила Кацарска дојде во Уставниот суд преку непристоен и срамен пазар - наменска осуда на лицата за 27 април во замена за функција во Уставниот суд. Добрила Кацарска е дел од поблемот и решението е во нејзиното бркање од судот со што ќе се раскине со темното минато.

Цела Македонија знае дека Зоран Заев ја испорача ветената награда до Добрила Кацарска со претседателско место во Уставниот суд за успешно завршената работа за наменската осуда на македоснките патриоти како што се Вилијам Михајловски Гајда и останатите за 27 април на затворска казна од два века затвор.

Иборот на Кацарска за судијка во Уставниот суд ја потврдува и поразителната вистина дека Македонија се држи на линијата на темното минато кога за нарачани судски одлуки следувала награда за судски функции.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 21 ноември 2025 година