Единствена Македонија до Ахмети - Не си играј со оган оти наместо со предавниците од 2001, овојпат ќе си имаш работа со македонскиот народ


26.09.2025 | 12:54:52 | Соопштенија


Единствена Македонија до Ахмети - Не си играј со оган оти наместо со предавниците од 2001, овојпат ќе си имаш работа со македонскиот народ

Вчерашната изјава на Али Ахмети дека едни ќе одат со Албанија, а други со Бугарија доколу Македонија скршнела од патот кон ЕУ, претставува отворен повик за распад на земјата. Се потврдува она што со години го кажува Единствена Македонија дека со т.н рамковен договр не е постигнат мир туку некакво примирје.

Го предупредуваме Али Ахмети да не си игра со оган, затоа што, ако мораме уште еднаш да се пресметаме со радикалните Албанци од типот на Ахмети, само ќе ни ја олеснат работата, бидејќи Македонците се при крај со своето трпение од нивните секојдневни антимакедонски активности иако со т.н. рамковен договор, кој и понатаму е трауматичен за македонската национална свест и фалсификуваниот пописи во 2002 и 2021  година, Албанците практично добија - се, а Македонците изгубија премногу.

Единствена Македонија најсикрено им порачува на сограѓаните-Албанци и на самиот Ахмети да не помислува на нова антимакедонски сценарија, бидејќи овојпат нема да си имаат работа со некое предавничко македонско раководство од 2001 година, туку ќе се соочат со македонскиот народ.

Но, прави голема грешка секој оној што мисли дека бројните привилегии што ги добија Ахмети и неговите припадници на терористичката ОНА како високи државни личности, ќе предизвикаат кај нив заборав на старите соништа за реализација на идејата за голема албанска држава, која опфаќа и територии на Република Македонија.

Единствена Македонија никогаш нема да ги предаде Македонија и Македонците и за таа цел ќе ги поништиме сите антимакедонски и антидржавни акти со кои се рушат македонската држава и македонскиот народ.

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 26 септември 2025 година