Меѓународна конференција „Пантуркизмот денес“ во Белград - Македонија претставена од проф. д-р Јанко Бачев


24.09.2025 | 23:28:48 | Соопштенија


Меѓународна конференција „Пантуркизмот денес“ во Белград - Македонија претставена од проф. д-р Јанко Бачев

Во организација на Институтот за политички студии при Владата на Република Србија, во Белград на 22 септември 2025 година се одржа Меѓународна научна конференција насловена како "Пантуркизмот денес". 

 

На конференцијата како единствен претставник од Република Македонија учествуваше проф. д-р Јанко Бачев со својот труд: „Пантуркизмот низ призмата на меѓународното право со посебен осврт на односите меѓу Република Турција и Република Македонија“ во кој се изложени научно засновани тврдења од интерес за македонските национални и државни интереси.

 

Нашиот најголем адут - вистината мора да се промовира во секоја прилика особено на настани со учество на голем број научни работници од странство како и претставници од амбасадите на Русија и Белорусија во Белград. Конференцијата ја отвори директорот на ИПС проф. др Миша Стојадинович а на настанот се обрати и проф. др Јован Јањич потпретседател на Собранието на Република Србија. 

 

Во зборникот на трдудови објавен од конференцијата се наоѓаат трудови на истражувачи од 14 држави кои се објавени тријазично: српски, руски и англиски јазик. Уредници на зборникот и организатори на конференцијата беа проф. др Зоран Милошевич и мр Дајана Лазаревич.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија  
Скопје, понеделник, 22 септември 2025 година