Јовчески: Раководството на Единствена Македонија со народот - сите заедно на кандидатски листи


19.09.2025 | 09:58:00 | Прес Конференции


Јовчески: Раководството на Единствена Македонија со народот - сите заедно на кандидатски листи

Генералниот секретар на Единствена Македонија, Милан Јовчески, во изјава за јавноста истакна дека партијата ќе настапи со 29 кандидатски листи на локалните избори закажани за 19 октомври.

Новина е што согласно одлуката на Централниот комитет на Единствена Македонија и членови на Извршниот комитет ќе предводат кандидатски листи, што значи дека и партиските функционери ќе се симнат на терен со народот и влегуваат во локалната изборна трка.

 

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, петок, 19 септември 2025 година