Бачев: Наместо хартија и ветувања, нашата програма се нашите кандидати - еве зошто


18.09.2025 | 13:33:38 | Прес Конференции


Бачев: Наместо хартија и ветувања, нашата програма се нашите кандидати - еве зошто

Претседателот на Единствена Македонија Јанко Бачев оствари средба со носителите на 29 кандидатски листи на Единствена Македонија за локалните избори што треба да се одржат на 19 октомври. Средбата беше во функција на подготовките на партијата за изборната кампања во која кандидатите ќе се претстават пред бирачите. Новина е што и членови на Извршниот комитет ќе бидат носители на кандидатски листи со што и највисоки партиски функционери ќе излезат на терен со народот и директно влегуваат во изборната трка.

Изборот на локалната власт е една од најважните одлуки која го дефинира вашиот живот во наредните 4 години. Да ставиме крај на политички авантуристи за кои политиката е можност да се ќари од власта. Затоа Единствена Македонија ја бара довербата - да ја вратиме честа, правдата и народната власт во секоја општина!

Центар за комуникации на Единствена Македонија
Скопје, четврток, 18 септември 2025 година